Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНМ: Агресивната комуникација на пратеникот Апасиев стимулира омраза
Македонија

ЗНМ: Агресивната комуникација на пратеникот Апасиев стимулира омраза

13/02/2023

AA

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), ја осудува агресивната јавна комуникација на актуелниот пратеник и лидер на политичката партија „Левица“,  Димитар Апасиев кон новинарот Љупчо Златев.

На својата Фејсбук страница пратеникот Апасиев со јавна објава тенденциозно го етикетира и омаловажува колегата Златев преку вулгарни навреди кон него и со груби политички квалификации за медиумот „Лидер.мк“. Освен ова, авторот на објавата дозволува навредите и омаловажувањата од други корисници да продолжат како посебни коментари од страна на трети лица, очигледно симпатизери на оваа политичка партија.

Преку ваквата непримерна комуникација, освен обидот за јавна дискриминација на новинарот Златев и медиумот во кој тој работи, пратеникот Апасиев јавно провоцира и други лица да споделуваат погрдни зборови но и закани  упатени кон колегите и овој медиум. Фактот што овие закани како и говорот со елементи на омраза остануваат како одговор на објава на пратеникот Апасиев, истите можат да поттикнат дополнителна омраза но и насилство кон новинарите. 

Пратеникот Апасиев има репутација јавно да се пресметува со новинари и медиуми за кои не му се допаѓа како известуваат а исто така на неколку наврати има поднесувани тужби кон новинари за процеси кои потоа ги има загубено или се има повлечено.

Потсетуваме дека според Кривичниот закон тој што во јавноста промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група е кривично дело и ќе се казни со затвор од една до десет години. За поведението на пратеникот Апасиев, ЗНМ ќе ја извести и Европската федерација на новинари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БЕЗ КОМУНАЛИИ ЗА ИЗГРАДБА НА КУЌА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ И СТУДЕНТСКИ

24/11/2026
Македонија

МВР ГО ОТКРИ ЧОВЕКОТ ШТО МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА НОВИНАРОТ

24/11/2026
Македонија

ПО 104 ПРИЈАВИ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО КРАВИТЕ, НОВ ИНЦИДЕНТ СО

24/11/2026
Македонија

БУЏЕТОТ ЗА 2027 НОСИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Бојковска најави

24/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ ОТКРИ ШТО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИТНАТА ПОМОШ Нов центар,

24/11/2026
Македонија

СО ПАРАМЕДИЦИ ЌЕ СЕ ПОПОЛНУВА КАДРОВСКАТА ПРАЗНИНА ВО ИТНАТА ПОМОШ

24/11/2026
Македонија

СКОПЈЕ ТРИ ДЕНА БЕШЕ ЦЕНТАР НА НАУКАТА И ИНКЛУЗИЈАТА Заврши

24/11/2026
Македонија

СТУДЕНТИТЕ ЌЕ ИМААТ 20% ПОПУСТ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ ЗА ХРАНА Новиот

24/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46913
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БЕЗ КОМУНАЛИИ ЗА ИЗГРАДБА НА КУЌА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ И СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ Конески ги образложи мерките

24/11/2026

Три мерки за поддршка на младите, меѓу кои 20 отсто поевтини станови за млади брачни парови до 35 години, ослободување

МВР ГО ОТКРИ ЧОВЕКОТ ШТО МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА НОВИНАРОТ ЛАНДОВ Станува збор за 38-годишен

24/11/2026

Полицијата го утврдила идентитетот на лицето кое преку Фејсбук упатило заканувачки коментар кон новинарот и водител на подкастот „Претрес“, Кристијан

ПО 104 ПРИЈАВИ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО КРАВИТЕ, НОВ ИНЦИДЕНТ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ЖЕНА Кривична пријава

24/11/2026

Тројца членови на семејството Ѓорѓиевски се соочуваат со кривична пријава за тешка телесна повреда на 67-годишна жена од селото Дрење,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy