Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Жесток напад на украинска територија: Повеќе од 50 проектили и гранати го погодија Белогород
Македонија

Жесток напад на украинска територија: Повеќе од 50 проектили и гранати го погодија Белогород

07/07/2023

AA

Украинските сили истрелаа повеќе од 50 проектили и гранати на локации во руската погранична област Белгород во изминатите 24 часа, при што загина едно лице, напиша денеска гувернерот Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.

„Селото Нехотеевка, округот Белгород, беше под оган, врз него беа испукани осум артилериски гранати, кои не резултираа со жртви и штети. Исто така, неколку воздушни цели беа соборени од воздушната одбрана над областа. Поради тоа искршени се стакла на станбена зграда во Разумноје, оштетени се осум приватни куќи, оштетени се и четири автомобили и далновод“, изјави Гладков.

Гувернерот претходно изјави дека селото Новопетровка во областа Валуј вчера било под оган и дека во таа прилика маж со стомачна повреда починал додека бил пренесен во болница со возило на брза помош.

Под минофрлачки оган се најде и периферијата на селото Стари, каде беа испукани 12 минофрлачки гранати“, изјави Гладков.

Вкупно 13 ракетни и минофрлачки гранати погодија уште две села, рече тој, додавајќи дека во тие напади нема жртви или материјална штета.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy