ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ Еднаш и Пендаровски и Ковачевски заедно се појавија на настан во ОН
Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација во САД, ќе потсетам дека со владите на Зоран Заев и Димитар Ковачевски одеа по 50-тина луѓе, но без резултати, рече премиерот Христијан Мицкоски во вчерашното интервју на ТВ „Алфа“.
– Тоа е Фројд, бидејќи тие оделе така и сега мислат дека сите одат така. Во Владата на СДСМ и ДУИ за првпат на еден настан на Генералното собрание се појавија тогаш и претседателот и премиерот — ако се сеќавате кога отидоа и Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски. Тогаш можеби делегациите броеле 50 луѓе. Инаку, не, таман работа! Какви 50 луѓе, не станува збор за такво нешто. Многу помалку од таа бројка, можеби помалку од половина од таа бројка. Но, како и да е, тоа е сериозен настан — еден таков во годината што се одржува — и се разбира дека е потребна логистика и има повеќе настани на коишто повеќе луѓе треба да бидат присутни. На една група настани беше министерот Беким Сали, на една друга група настани беше министерот Тимчо Муцунски, паралелно со ова се одвиваа и економски настани настрана од Генералното собрание на Обединетите нации, па дојде и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска – рече Мицкоски.
.
Извор: plusinfo.mk