Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЖЕЉКО МИТРОВИЌ Е ПОМОЌЕН ОД ВУЧИЌ“ – Алексиќ после жестоката расправа со „напредњаците“ во Собранието
Регион

„ЖЕЉКО МИТРОВИЌ Е ПОМОЌЕН ОД ВУЧИЌ“ – Алексиќ после жестоката расправа со „напредњаците“ во Собранието

16/06/2023

AA

Потпретседателот и шеф на пратеничката група на Народната партија во српското Собрание, Мирослав Алексиќ, во емисијата „Разбуди се“ изјави дека му делува дека сопственикот на ТВ Пинк Жељко Митровиќ е помоќен од Александар Вучиќ, со оглед на тоа што ја игнорирал најавата на претседателот на Србија дека ќе го укине реалното шоу „Задруга“. Тој се запраша како е можно личност како Ана Брнабиќ да биде премиер, наведувајќи дека на вчерашното излагање во Собранието, премиерката покажала дека е нечесна и бескрупулозна, како и дека не ги почитува граѓаните на Србија. 

Алексиќ рече дека владата очигледно не одговара на барањата на граѓаните кои веќе 6-та недела се на улица и затоа е неопходно да се премине на друг облик на протест.

„Ќе мораме да одиме чекор понатаму и да направиме некои големи акции. Србија ќе мора да запре. Ако насилството не престане, Србија ќе мора да престане. Што е поважно од безбедноста на граѓаните? Бизнис, туризам? Ништо не е поважно од тоа. Со оглед на тоа што власта сето тоа го игнорира и ги доведува луѓето во ситуација да мора на некој начин да го радикализираат протестот, тоа е на нив“, нагласува Алексиќ.

„Вчера премиерката со часови зборуваше во Собранието. Таа во своите говори покажа дека нема ниту свест ниту совест кога се во прашање трагедиите, барањата на граѓаните и како треба да реагира на тоа. Таа вчера не сакаше ништо да прифати како дискусија, спиновите, манипулациите, префрлањето на одговорноста на други продолжуваат. Зачуден сум што луѓето можат да бидат толку нечесни и на ваков начин да комуницираат со граѓаните на Србија. Шест недели имате десетици луѓе низ земјава кои протестираат, кои бараат нешто нормално… Се однесуваат како ништо да не се случува“, опишува Алексиќ.

Потпретседателот на Народната партија рече дека целта на протестот „Србија против насилството“ е луѓето да сфатат дека постои институционална одговорност на оние кои управуваат со земјата.

Алексиќ рече дека добил впечаток дека сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ е помоќен од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Самиот претседател најави дека реалното шоу ќе биде откажано, а Митровиќ рече дека нема и дека продолжува да ја работи својата работа. Има и барање за отпуштање на луѓе од РЕМ, но тие се прават мртви и злоупотребуваат се затоа што овие медиуми (како Пинк, уред.) се нивните упоришта и главниот лост на власта. Тие не се подготвени да се откажат ниту од милиметар од моќта, бидејќи за нив моќта е слобода. Се додека имаат моќ – слободни се, и имаат моќ додека имаат фабрики на лаги. Иако имате 18 мртви млади луѓе, не е доволно тие да се разбудат и да прашаат „Каде оди ова“? Наместо тоа, тие се насочени кон актери, професори, лекари. Секој што ќе го крене гласот и ќе каже нешто против режимот или ќе ги поддржи протестите е мета на режимските медиуми и на нивните чела се исцртуваат цели и секако се случуваат трагедии“, рече Алексиќ.

Извор: Нова.рс

Фото: Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy