Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Жалгирис е фаворит, има поголемо искуство – со реми би биле (пре)задоволни!“
Спорт

„Жалгирис е фаворит, има поголемо искуство – со реми би биле (пре)задоволни!“

10/07/2023

AA

Македонскиот шампион Струга ТЛ утре попладне од 18 часот во Вилнус ќе дебитира во квалификациите за Лигата на шампионите на гостувањето кај литвански Жалгирис во воведното коло, што е втор европски настап во историјата за стружани после дебито пред две лета кога експресно испаднаа.

Струга ТЛ вторпат во својот излез во Европа доаѓа на Балтикот, пред две години летонска Јеглава ги елиминираше со вкупни 2-5 (1-4, 1-1), но сега пред себе македонскиот првак ќе има многу сериозен ривал, иако Литванија не е фудбалски крем, но Жалгирис лани успеа да дојде до групна фаза во Конференциската лига и тоа откако мина две кола во Лигата на шампионите, а за малку испадна од Лидогорец во борбата за Лига Европа во плејофот.

„Ние сме дебитанти во овие квалификации за ЛШ и Жалгирис има многу поголемо искуство од нас, зашто во ова натпреварување играат со години, лани го елиминираа за нас добро познатиот Балкани, па потоа и шведски Малме, што е јасен сигнал дека има огромен квалитет“, вели Шпетим Дуро, тренерот на стружани.

Но, Струга не се предава, а утре со реми би биле презадоволни, зашто реваншот за осум дена во Скопје би го решавал патникот.

„Ние сме млад клуб и голема привилегија да играме во овие квалификации. Јас реков дека искуството за вакви натпреварувања има големо значење, но во фудбалот не секогаш фаворитите победувале. Јасно е дека победникот ќе се решава во два меча, така да ние би биле задоволни со реми“, додаде Дуро.

Струга ТЛ попладнево на „ЛФФ Арената“ го одработи последниот тренинг пред утрешниот меч закажан за 18 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Двајца 14-годишници повредени во несреќа со четирицикл кај Зајас

09/02/2026
Македонија

Ќе се купува нов државен авион? Томовски најави можност за

09/02/2026
Македонија

НЕОДРЖЛИВАТА СТРАТЕГИЈА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ ДВОЈНО ВИКТИМИЗИРА До

09/02/2026
Македонија

Пеперони не е најпопуларната пица во Скопје, но Wolt знае

09/02/2026
Македонија

Осум дена притвор за маж од ресенско поради измами со

09/02/2026
Македонија

КАКО СЈО ПОТРОШИЛО МИЛИОН ЕВРА ЗА САМО 2,5 МЕСЕЦИ? Манасиевски

09/02/2026
Македонија

Нов закон за високо образование, што се менува?

09/02/2026
Македонија

Пратениците да си дојдат утре пешки, ние ќе работиме, синдикатите

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41233
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Двајца 14-годишници повредени во несреќа со четирицикл кај Зајас

09/02/2026

На 08.02.2026 во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно

Ќе се купува нов државен авион? Томовски најави можност за летало со 14 седишта

09/02/2026

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска изјави дека е потребна набавка на нов државен авион

НЕОДРЖЛИВАТА СТРАТЕГИЈА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ ДВОЈНО ВИКТИМИЗИРА До кога ќе се тера инает

09/02/2026

Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“, трагедија која однесе 63 млади животи, иако се уште е во рана фаза,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy