Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пеперони не е најпопуларната пица во Скопје, но Wolt знае за што е вистинскиот копнеж
Македонија

Пеперони не е најпопуларната пица во Скопје, но Wolt знае за што е вистинскиот копнеж

09/02/2026

AA

Ако мислиш дека најнарачуваната пица во Скопје е Пеперони, правиш сосема  логична претпоставка. Само што таа не е победникот. Во пресрет на Светскиот ден на пицата, на 9 февруари (датум што онлајн заедницата на љубители на пица масовно го слави како „Pizza Day“), Wolt погледна што навистина нарачуваат скопјани откако беше лансирана платформата Wolt во април 2025 година досега и резултатите звучат како неофицијален „карактерен тест“ за скопскиот вкус за пица.

Но, прво да почнеме со кратко, интересно парче од историјата на пицата.

Пред пицата да стане вечната дилема „што нарачуваме?“ во групните четови, таа веќе се провлекувала и низ средновековни документи. Во запис од 997 година од Гаета зборот „pizza“ се спомнува речиси лежерно, векови пред некој да може да замисли апликација за достава. Иако пицата каква што ја препознаваме денес навистина се обликувала во Неапол. Во врелите печки, со едноставни состојки, брзите раце на мајсторот го претвориле во град што ја довел уличната храна до совршенство, со свои стандарди. Тука е и приказната за „славното парче“, Маргерита – домат, моцарела, босилек, три бои кои оваа класика ја поврзуваат со кралски гласини. Дали навистина била создадена за кралицата? Историчарите и понатаму дебатираат, но легендата упорно останува на менито. Она што не е спорно е занаетот зад секоја пица. Дури и УНЕСКО ја призна уметноста на неаполскиот pizzaiuolo како нематеријално културно наследство, со што „фрлањето тесто“ доби статус на културна традиција.

Ајде пак за омилената пица во Скопје

Сега може да се вратиме и назад во Скопје, каде што податоците раскажуваат вкусно јасна приказна,  дека ни кралската Маргерита не е најпродаваната скопска пица.

Од април 2025 година до последниот достапен пресек, корисниците на Wolt во Скопје имале навистина широк „пицa репертоар“. Нарачале повеќе од 30 различни вкусови, од безвременски италијански класици до смели, модерни комбинации. И кога погледнавме по што најчесто посегнуваат луѓето, едно омилено издание постојано излегуваше на врвот. Изборот број еден? Капричоза.

Само Капричозата учествува со 18,2% од сите доставени пици, убедливо пред Маргерита (13,7%), друга пица (12,3%) и Пеперони (11,1%). Заедно, овие четири „семејства“ сочинуваат околу 55% од сите доставени пици. Со други зборови, повеќе од половина од нарачките за пица во Скопје се како „greatest hits“ листа.

Има и еден типично скопски начин на „утеха“ што се забележува на прв поглед: кога ќе ги собереш Капричоза и другите семејства со шунка и печурки, добиваш околу 30% од сите доставени пици, речиси секоја трета. Скопје очигледно сака пицата да е класична, позната и богато наполнета.

Но Скопје не е само традиција, туку и изненадувања

Најголемиот момент „чекај, навистина?“ доаѓа од категоријата „Друга пица“, каде што Бургер пицата е ѕвездата што „избива“ напред. Варијантите на Бургер пица сочинуваат околу 28% од целата „Друга пица“ категорија. Ова значи дека Скопје ја почитува италијанската традиција и истовремено ужива во смела комбинација кога ќе „налета“ и смело расположение.

А за оние што се убедени дека пица секогаш значи месо, Скопје тивко го докажува спротивното. Очигледно, вегетаријански/вег-френдли семејства, како Маргерита, пици со нагласен кашкавал/сирење, Капрезе стил, Маринара, печурки, вегетаријански опции сочинуваат околу 29% од доставените пици, речиси три од десет.

Уште една изненадувачка нишка се морските пици со туна/морски плодови/лосос, комбинирано се под 1% од доставените пици (~0,65%). Значи ако морска пица е твојот избор, честитки, ја одржуваш сцената ексклузивна.

Скопскиот „часовник за пица“: кога се нарачува

Навиката која што сите ја чувствуваат, а ретко кој ја мери е кога Скопје навистина нарачува пица? Кога ја погледнавме побарувачката по часови во категоријата пица, образецот е јасен. Пицата е попладневно до вечерно задоволство, со околу две третини од побарувачката (66,9%) што се случува меѓу 15:00 и 21:00 часот. Најфреквентниот час е 17:00. Ова е врвниот скопски момент „заслужувам пица“. А во „прајм“ прозорецот за вечера од 19:00–21:00 часот, пицата се искачува и станува категорија број 2 по нарачки во Скопје, веднаш зад бургерите.

Дури и дебатата за големина има скопски потпис. Кај пиците каде што големината е јасно наведена, градот е речиси поделен на две „екипи“, 30 см и 40 см, и секоја претставува околу една четвртина од доставите со наведена големина. Скопје сака и „лична“ пица и „за делење“, понекогаш во истата недела.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ РОДИЛЕ 4.160 БЕБИЊА, А УМРЕЛЕ 4.807 ЛИЦА Негативен природен

27/11/2026
Македонија

САРА ДОЈДЕ ПО ПРАВДА СО МОДРИЦИ НА ЛИЦЕТО Корабоски не

27/11/2026
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ИНЦИДЕНТИ НА ПРОСЛАВИТЕ НА ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО

27/11/2026
Македонија

НЕ САКААТ ПОЛИТИЧКИ МРШОЈАДЦИ, ПАРАЗИТИ И ПРОФИТЕРИ НА ПРОТЕСТИТЕ „Ниту

27/11/2026
Македонија

ОСУДЕН КОЧАНЕЦОТ КОЈ ИЗБЕГА ОД ПРОЗОРЕЦ ОД ПОЛИЦИЈА „Цуната“ призна

27/11/2026
Македонија

ОСУДЕН КОЧАНЕЦОТ КОЈ ИЗБЕГА ОД ПРОЗОР ОД ПОЛИЦИЈА „Цуната“ призна

27/11/2026
Македонија

РОКАС ПРИЗНА ДЕКА ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ МОЖАТ ДА ИЗНЕНАДАТ СО

27/11/2026
Македонија

📷 БАЛКАНСКИТЕ ЛИДЕРИ НА НЕФОРМАЛНА ВЕЧЕРА КАЈ СИЉАНОВСКА ДАВКОВА Утре

26/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46959
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ РОДИЛЕ 4.160 БЕБИЊА, А УМРЕЛЕ 4.807 ЛИЦА Негативен природен прираст и во третото тримесечје

27/11/2026

Во третото тримесечје од 2026 година во Македонија се родени 4.160 живородени деца, а бројката е помала за 4,8 проценти

САРА ДОЈДЕ ПО ПРАВДА СО МОДРИЦИ НА ЛИЦЕТО Корабоски не се појави, побара изземање на

27/11/2026

Судењето за случајот со претепаната Сара Ѓорѓиевска денеска не започна во Основниот суд во Охрид. Обвинетиот Кристијан Корабоски не се

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ИНЦИДЕНТИ НА ПРОСЛАВИТЕ НА ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ Тошковски вели дека полицијата

27/11/2026

Министерството за внатрешни работи ќе биде максимално фокусирано на одржување на безбедноста и редот во државата и ќе ги преземе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy