Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе се купува нов државен авион? Томовски најави можност за летало со 14 седишта
Македонија

Ќе се купува нов државен авион? Томовски најави можност за летало со 14 седишта

09/02/2026

AA

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска изјави дека е потребна набавка на нов државен авион кој би се користел за официјални и државни потреби.

Според него, доколку државата сака да има сериозен имиџ на меѓународно ниво, мора да располага со соодветна опрема и средства за транспорт.

„Државата, ако сакаме да биде сериозна, треба да имаме сериозен имиџ, сериозни возила и сериозен авион“, изјави Томовски.

Тој посочи дека постојниот авион е стар, склон на чести дефекти и има ограничен капацитет. Како што рече, леталото располага со околу шест седишта и не е соодветно за превоз на поголеми државни делегации.

„Имаме авион кој е склон на чести поправки, го носевме повеќепати на сервисирање, премал е и има околу шест седишта. Не може да се користи за соодветни делегации“, истакна Томовски.

Во таа насока, како што додаде, се разгледуваат можности за изнаоѓање модел за финансирање и набавка на нов авион со поголем капацитет, односно летало со околу 14 седишта. Дополнително, се размислува новиот авион да има и опција за медицински транспорт, во случаи кога тоа е неопходно.

Томовски потсети дека постоечкиот авион бил користен и во итни ситуации, наведувајќи пример со случајот во Кочани, кога леталото било ангажирано еднаш или двапати за потребите на транспорт.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy