Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зеленски призна: Руските сили напаѓаат и уништуваат градови и села
Македонија

Зеленски призна: Руските сили напаѓаат и уништуваат градови и села

28/01/2023

AA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на фронтот во Украина е крајно отежната, особено во регионот на Доњецк, каде Русија ја интензивира својата офанзива, пренесе Ројтерс.

Во својата традиционална вечерна изјава, Зеленски рече дека руските сили не само што ги напаѓаат украинските позиции, туку и ги уништуваат градовите и селата околу нив.

Зеленски го обвини и шефот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах за лицемерие и го покани да го посети градот Бахмут, една од жешките точки на војната со Русија, објави Франс прес.

„Го поканувам господинот Бах во Бахмут за да види со свои очи дека неутралноста не постои“, рече Зеленски. Тој во својата изјава вети и дека ќе работи, како што рече, на чистење на раководството на меѓународните олимписки структури од лицемерие.

„Очигледно е дека секое неутрално знаме на руските спортисти е извалкано со крв“, рече Зеленски.

И покрај постојаните повици на Украина да им забрани на руските и белоруските спортисти од Олимпијадата во Париз во 2024 година, Меѓународниот олимписки комитет во средата соопшти дека ја истражува можноста да им дозволи да се натпреваруваат под неутрално знаме.

Есента беа преземени и низа маневри зад сцената за да ги вратат Русите и Белорусите, кои беа исклучени од повеќето меѓународни спортски настани од почетокот на руската инвазија на Украина, во олимписките натпреварувања.

Овие предлози предизвикаа гнев кај Украинците. Вчера украинскиот министер за спорт Вадим Гутцеит се закани дека ќе ги бојкотира Олимписките игри следната година доколку не се послушаат повиците на Украина.

„Но, ќе направиме се за да го заштитиме светот на спортот од какво било мешање на терористичката држава, што едноставно би било неизбежно доколку руските спортисти учествуваат на Олимписките игри во Париз“, рече Зеленски.

„Русија мора да престане со својата агресија и својот терор. И само тогаш ќе може да се разговара за руското учество во контекст на олимпизмот“, додаде шефот на државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ордановски: Сите зборуваат за ЕУ, но кога ќе дојдат на

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Падот на квалитетното новинарство е глобален процес, но кај

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Новинарството треба да биде коректив на власта, но цинизмот

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Не сме автократско општество, но не сме ниту демократски

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Новинарството станува заменлива професија, вештачката интелигенција го менува светот

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Македонското општество е дезориентирано, апатијата станува алатка за владеење

16/06/2026
Македонија

Околу 60 матуранти фатени како препишувале на државната матура

16/06/2026
Македонија

НОВА ЕРА ВО ОРГАНОДАРИТЕЛСТВОТО: Граѓаните сами ќе одлучуваат, нивната желба

16/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Спречен атентат врз Володомир Зеленски

23/06/2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно бил цел на неуспешен обид за атентат, а овој пат планот вклучуваше полски воен пензионер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy