Зеленски денеска во посета на Софија, доаѓа со бугарскиот владин авион
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е на пат за Бугарија со владиниот бугарски авион Ербас ЛЗ-АОБ. Бугарскиот авион утрово во 9 часот треба да го доведе украинскиот лидер во Софија од главниот град на Молдавија Кишињев.
Според информациите на бугарските медиуми, летот се одложува неколку пати, но Зеленски треба да пристигне претпладне. Ова е негова прва посета на Бугарија од почетокот на војната во Украина.

Посетата не е најавена, а информацијата беше потврдена дури денеска од страна на премиерот Николај Денков.