Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зелениот картон не е пред укинување, но дали ќе поевтини?
Македонија

Зелениот картон не е пред укинување, но дали ќе поевтини?

29/01/2024

AA

Над 21 милион евра платиле македонските граѓани за зелен картон за осигурување на возилата при патување во странство. Додека со години се заговара намалување на цената преку спојување со домашното автоосигурување, проверивме дали навистина наскоро ќе се случи очекуваната реформа на осигурителниот систем. Тоа што го дознавме, не ветува многу.

„Зелениот картон пред укинување“ – е само еден од надежните наслови што изминатиот период осамнуваа низ македонските медиуми. Надежите се подгреваат повеќе од една година, откога беше објавено дека комисија ја разгледува опцијата за спојување на домашното осигурување со авто осигурувањето во странство, што всушност е зелениот картон. Тоа практично значи дека кога ќе се регистрира возилото се добива единствен документ со кој ќе може да се патува и во странство. Меѓутоа, прашањето е дали спојувањето ќе значи поевтинување што го бараат граѓаните? Другиот аспект, според првичните проекции е дали на сите сопственици на возила им одговара спојувањето, бидејќи не сите патуваат во странство.

Едно или две осигурувања?

Зелениот картон е задолжително осигурување од автомобилска одговорност во странство. Тоа е начин да се покријат евентуалните штети што можат да настанат во меѓународниот сообраќај, и да се покријат исто како што се прават во сопствената држава. Тоа е осигурување кое служи за обештетување на трети лица доколку се случи сообраќајна незгода или несреќа во странство. Специфика на зелениот картон е тоа што во некои земји нема утврдена максимална сума за човечки жртви во сообраќајна несреќа. Во таков случај осигурителната компанија што ја издала зелената карта ќе исплати износ без ограничување.

Споредбите што се прават со другите држави, пред се’ земјите од Европската унија е што во едно се споени двата видови на осигурување – домашното и тоа при излегување во странство. Односно кога се регистрира колата во еден износ се пресметуваат двата вида на осигурување. Оваа пракса е усвоена и во соседните земји – Србија, Босна и Херцеговина и Албанија.

Во Германија на пример, без осигурување од одговорност за автомобил, што е единствена ставка,  не е дозволено да се управува моторно возило на јавни патишта и е задолжително. Осигурувањето се докажува  со електронска потврда за осигурување (eVB). Всушност, секаде во земјите од ЕУ се применува електронската потврда и се планира единствен електронски систем на гранично управување со внесување на податоците за осигурените возила. Кај нас, се’ уште доказот за осигурување е во хартиена форма, специјално изработен формулар, што исто така се плаќа.

Наместо поевтинување како што бараат граѓаните – формирана е комисија

Во Македонија од крајот на 2022 година беше формирана комисија за подготовка на анализа за оправданоста на спојувањето на двете осигурување (домашното и тоа за во странство) од автоодговорност. Беше најавено дека тие анализи ќе траат неколку месеци, но и по една година нема информација што е епилогот од работата на оваа комисија.

Од Министерството за финансии, кое ги одобрува цените на осигурувањето, на прашањата на Канал 77 одговорија дека се’ уште се прават анализи.

-Од страна на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Министерството за финансии и осигурителниот сектор се иницирани постапки и се прават анализи за воведување на единствена премија за осигурување на возилата во земјата, што пак со актуелното законско решение во земјата е предвидено да се воведе во моментот кога РС Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ.  Либерализацијата е процес за кој е потребна соодветна подготовка на пазарот, а се со цел од неговото спроведување да се почувствуваат позитивните влијанија, одговорија од Министерството.

Тоа практично значи дека засега нема ништо од најавата за укинување на зелениот картон, ниту од барањето за негово поевтинување. Одолговлекувањето Министерството за финансии во одговорот го објаснува со тоа дека треба да се најде најсоодветниот модел на единствена премија за осигурување на возилата кој ќе биде применлив кај нас.

-Искуствата во земјите од регионот каде е воведен единствена премија за осигурување на возилата се различни и затоа е многу важно да се направи тоа низ инклузивен процес и дискусија на сите засегнати страни, објаснуваат од Министерството.

За и против единствена премија

Воведување на единствената премија на осигурување би значела дека осигурувањето во странство би го платиле и би го имале и старите возила, возилата на пензионери кои никогаш не патуваат надвор од државата, што според првичните анализи може да наиде на отпор, брифираат од комисијата.

Граѓаните кои плаќаат и по сто евра за зелен картон, со години реагираат, па дури беа потпишувани петиции за укинување на зелениот картон. Во една од иницијативите се бараше ако веќе не се укинува зелениот картон, барем да се направи осигурувањето да не се врзува со датумот на регистрација, туку да важи од датумот на купување. Но, и тоа не е во разгледување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно

26/06/2026
Македонија

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте

26/06/2026
Македонија

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор

26/06/2026
Македонија

Превртен камион на патниот правец Прилеп–Градско

26/06/2026
Македонија

Во Градскиот базен во Тетово воведени термини само за жени

26/06/2026
Македонија

Исчезна Божа од скопско Орешани, последен пат видена кај Драчево!

26/06/2026
Македонија

7 пожари низ Македонија, 2 уште активни!

26/06/2026
Македонија

ДИГУ ќе руши бесправен објект во старото јадро на Охрид

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно пари за минимална пензија

26/06/2026

Пензиите на 70 до 80 отсто од осигурениците во вториот пензиски столб би можеле да бидат пресметани под законски утврдениот

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте камион!

26/06/2026

Тешка сообраќајна несреќа попладнево предизвика тотален сообраќаен колапс на патниот правец Прилеп-Градско, во близина на приклучувањето за селото Ореовец на

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор од понеделник

26/06/2026

Министерството за одбрана од понеделник ги започнува преговорите со синдикатите за нов колективен договор, кој предвидува зголемување на платите и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy