Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заврши седницата на Анкетната комисија за Онкологија, несогласувања околу предложените заклучоци
Македонија

Заврши седницата на Анкетната комисија за Онкологија, несогласувања околу предложените заклучоци

27/11/2023

AA

Заврши денешната седница на собраниската Анкетна комисија за Онкологија. Во текот на денот имаше несогласувања меѓу членовите на Комисијата околу заклучоците за утврдување на политичка одговорност.

Претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи соопшти дека политичка одговорност е утврдена кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тогашните медицински и економски директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, тогашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Букова, како и тогашните директори на ФЗО Стево Кртсевски и Фатон Ахмети заради прекршување на уставните начела, непостапување согласно надлежностите пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи.

Пратениците од СДСМ не се согласија со овие заклучоци кои, како што рекоа, се заклучоци само од членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Побараа оставка од претседателката на Комисијата.

Тие доставија свои заклучоци со кои бараат од ОЈО под итно да ги расчисти сомнежите за злоупотреба на терапија на Клиниката за онкологија, како и потенцијалното негативно влијание врз здравјето и животот на пациентите.

– Постоеле долгогодишни системски слабости во функционирањето на Клиниката, констатирани и во извештаите на ДЗР за 2021, 2012 и 2008 година. Се констатира дека до 2017 година не била набавувана современа иновативна терапија за лекување на пациентите на Клиниката. Измените на 333 со кои се дозволува увоз на лекови без сертификат за квалитет од земји надвор од ЕУ преставувал потенцијална опасност од увоз на лекови со сомнително потекло, се вели во заклучоците.

Се бара да се донесе нов начин на финансирање на целокупниот здравствен систем и имплементација на track and trase системот согласно искуството од земјите на ЕУ, модернизација и регионализација на онколошките центри ширум државата.

– Набавката на Централен систем за терапија со нефункционален софтвер и недоволен кадар, не ја исполнил намената за која бил набавен. Со набавката на биолошка терапија од 2017 нагло се зголемува долгот на Клиниката, посебно од 2022 година, но и бројот на пациенти кои се третираат со истата, се дел од заклучоците понудени од СДСМ и коалицијата.

Потребно е, се вели во заклучоците, воведување законски измени за редовни превентивни прегледи за заштита на здравјето на граѓаните.

– Да се спроведат препораките на ДЗР и да се донесат измени во Законот за јавни набавки. Да се обезбеди редовна и квалитетна набавка на лекови на иновативна биолошка терапија, врз основа на измените на Законот директно од производителот. Продолжување на постапката за ревидирање на позитивната листа. Да не се набавува опрема, без соодветен функционален систем и без обезбеден простор и персонал за работа, а опремата и апаратите кои се во функција, веднаш да се стават на располагање на пациентите, е наведено во предложените заклучоци, доставени до Мизрахи, а ги соопшти пратеникот Ненад Коциќ.

Одлуката за формирање на Анкетната комисија беше донесена на 20 септември по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа Клиника. Јавното обвинителство отвори и предистражна постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy