Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мизрахи: Од страна на Клиниката за онкологија прекршени се 37 закони и 31 законска одредба
Македонија

Мизрахи: Од страна на Клиниката за онкологија прекршени се 37 закони и 31 законска одредба

27/11/2023

AA

Претседателката на собраниската Анкетна Комисија за онкологија Рашела Мизрахи на денешната прес-конференција над 40 минути цитираше закони и подзаконски акти кои, според неа, биле прекршени од страна на сите здравствени институции. Таа потенцира дека бил укинат контролниот механизам, поради што било, како што рече, загрозено уставното право на граѓаните на еднаква здравствена заштита и се создал амбиент за, како што рече, „здравствен башибозук“.

Мизрахи информира дека Анкетната Комисија утврдила политичка одговорност кај екс министерот за здравство Венко Филипче, екс директорите на Онкологија, Никола Васев и Нехат Нухи, поранешната директорка на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова, како и поранешните директори на Фондот за здравство, Стево Крстевски и Фатон Ахмети. Таа ги прочита сите закони и подзаконски акти кои според неа, со пропуштање односно со непостапување овие лица ги прекршиле.

Петседателката на Анкетната Комисија ја искритикува МАЛМЕД што на Анкетната комисија наместо документи за Онкологија им доставиле две кутии со по 1.900 страници архивски материјали за тоа како во земјава се набавувал инсулин. Таа информира дека до Владата пратиле барање за доставување документи за работат на Клиниката за онкологија, посочи дека такви материјали не доставиле од Владата.

Мизрахи истакна дека имаат сублимат дека од страна на ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија прекршени се 37 закони и 31 законска одредба.

Таа додаде дека два месеца „дише со законите за здравствена заштита“ и благодарение на тој посветен пристап, утврдила, според законите, кој е виновен и пропуштал дејствија.

Мизрахи истакна дека не е првпат пратениците на СДСМ да бараат оставка од нејзе, бидејќи, како што рече, ќе стои зад вистината и фактите.

-Моите заклучоци не се базирани ни на политика ни на вендета. Имаше нервозна атмосфера кога ги прочитав, иако само ја следев законската патека за тоа како требало да функционира системот, а не функционирал. Денеска побараа мое разрешување заради тие заклучоци. Не е првпат. Ќе стојам зад вистината и фактите, рече Мизрахи.

Еден од заклучоците на пратениците на СДСМ беше да се променат законите, за што Мизрахи потенцира дека „не може да менувате закони и да тврдите дека се дефектни, а притоа воопшто не сте ги ни почитувале“.

За попладне е најавено да продолжи со работа денешното 15-то продолжение на Анкетната комисија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy