Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАВРШИ РАСПРАВАТА ЗА ИЗБОР НА ЗАМЕНИЦИТЕ-МИНИСТРИ, ГЛАСАЊЕТО ПО ПАУЗАТА
Македонија

ЗАВРШИ РАСПРАВАТА ЗА ИЗБОР НА ЗАМЕНИЦИТЕ-МИНИСТРИ, ГЛАСАЊЕТО ПО ПАУЗАТА

09/03/2023

AA

Собранието и денеска ја продолжи 104-тата седница со дебата по четвртата точка на дневниот ред – Предлог за именување на заменици министри во Владата. Пратениците расправаа за избор на заменик-министри за одбрана Тирон Јајага, за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, за здравство Маја Манолева и за образование и наука Агим Нухиу.

На денешната седница доминираа теми од економијата, земјоделството, здравството, хакираните институции, дојавите за бомби по училишта,… Пратениците зборуваа и за недостигот на лебот по маркети по одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот.

Заврши претресот по Предлогот за именување на заменици министри во Владата и претседателот на Собранието, Талат Џафери даде пауза до 16 часот. По враќањето на пратениците во собраниската сала, се очекува да се гласаат новите четворица заменик-министри.

Говорите на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ беа насочени кон предлогот за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, за која рекоа дека не може книжевник да биде адекватен кадар за раководење со ресорот земјоделство. Тие со забелешка до премиерот дека не може да бара поддршка за замениците, без да ги каже нивните квалитети и какво добро ќе им донесат овие кандидати на граѓаните.

Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ рече не знае ни како изгледаат тројца од предлозите за заменик-министри.

-Агим Нухиу го гледав тука во Собранието, но немам никаков впечаток за него, а посебно за неговата експертиза. Можеби конечно ќе се пронајде во најдобрата улога како заменик-министер за образование и наука, бидејќи досега немавме можност да посведочиме за тоа. Сепак, останува фактот дека Нухиу е незаменливиот, вечниот член на Влада, како и дека Ковачевски нема право на избор, туку има право само да го прифати она што ќе му се понуди без никаква забелешка. За госпоѓицата Бериша сакам да истакнам дека пред речиси една година остави врз мене силен впечаток кога гледав едно нејзино ТВ гостување. Дури и мислам дека се распрашав кај колегите на Алијанса за Албанците, која е и од каде и им кажав дека е многу способна и оти треба да и дадат шанса, но да се биде заменичка-министерка во ресорот земјоделие, се сомневам дека е некое достигнување. Останува и овој предлог да го видиме на дело, но никако како жена не посакувам Бериша да ја стават пред лошо искушение со цел уништување на нејзината политичка кариера, рече Стојаноска.

Јадранка Поцкова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се сомнева дека предлогот за заменик-министер за здравство Маја Манолева, која е потпретседател на Лекарска Комора, директор на Јавна здравствена установа – Завод за физикална медицина Скопје и сопственик на приватна здравствена установа „Физиоплус – д-р Манолева“ заради што била директно прозвана од Државна комисија за спречување на корупција, ќе ги реши „горчливите проблеми во здравството“.

-Дали ќе ги подобри условите за работа во јавното здравство, тука мислам на реконструкција на здравствените установи, изградба на нов Клинички центар во Скопје, продолжување со изградбата на Клиничкиот центар во Штип и набавка на апаратура? Дали министерот и заменичката ќе ги земат на одговорност директорите на Фондот за здравствено осигурување? Дали ќе се прошири позитивната листа? Дали Манолева заедно со министерот ќе се борат болните со ретки болести да ги добијат своите лекови? Дали ќе се борат и ќе направат се за да се врати достоинството на белиот мантил во Македонија и да престане миграцијата кон приватните здравствени установи и надвор од земјата? Затоа што последните три години се имаат иселено 2.200 доктори и 5.000 медицински сестри?, рече во својот говор Поцкова.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев истакна дека можеби Бериша е одличен професор и книжевник, но, како што рече, не може да раководи со ресорот земјоделие.

Собраниската 104. седница за реконструкција на Владата започна пред три недели, а новите министри во Владата на Ковачевски, Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање беа избрани пред полноќ во понеделникот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45757
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за вештиот наод за нанесена душевна

23/09/2026

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски беше гостин во емисијата „Колегиум“, на телевизија Алфа и се осврна на темата за поранешниот

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната соработка и добрососедските односи

23/09/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Њујорк, каде заедно со делегацијата што ја предводи присуствува на Генералното собрание на ОН

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА МАРИХУАНА Тошковски изнесе

23/09/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им се заблагодари на полициските службеници од Струмица за успешната акција во која

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy