Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за вештиот наод за нанесена душевна болка на неговиот тужител
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за вештиот наод за нанесена душевна болка на неговиот тужител

23/09/2026

AA

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски беше гостин во емисијата „Колегиум“, на телевизија Алфа и се осврна на темата за поранешниот министер за земјоделие, Љупчо Николовски, откако тој побара извинување за неговите изјави. Тој се осврна и на наодот кој Николовски го направил и постави прашања околу неговата поврзаност со СДСМ, како и за околностите во кои бил изготвен наодот.

– Таа е таа клапа, на Зоран Заев, на Венко Филипче, на Љупчо Николовски. Тоа е тоа трио кое што го води СДСМ. Тој упати барање за извинување кон мене, од одредени прес-конференции, кои што според него се невистинити. Тоа ќе си го проследат и правосудните органи. Тој не е надлежен да кажува кој кажува вистини, кој кажува лаги, си има институции државата и тие ќе си постапат – рече Манасиевски.

Манасиевски истакна дека не прифатил да му се извини, бидејќи, како што вели, неговите изјави се однесувале на конкретни прашања поврзани со стоковите резерви.

– Секако дека не му се извинив. Затоа што моите прес-конференции му нанеле него душевна болка, а тоа е затоа што се има случено отпис на кусокот на стоковите резерви, околу 2.000 тона жито и тоа го имаат одобрено на владина седница – кажа Манасиевски.

Манасиевски се повика на јавно достапни податоци поврзани со евиденцијата на стокоите резерви, при што посочи дека според информациите со кои располага, до 2019 година не бил евидентиран кусок на жито. Оттука, тој ја постави временската рамка во која, според него, можел да настане кусокот и ја поврзува со периодот кога Љупчо Николовски бил министер за земјоделство, а потоа и вицепремиер.

– Откако се случува тој отпис, односно известување до владата, кое што тие го потпишуваат на владина седница, од тоа се случува оној најголем грант дотогаш од историјата од ИПАРД програмата од 1,4 милиони евра на фирмата „Трго продукт“, или попозната по брендот „Мамас“ на Заеви, таа фирма добива од ИПАРД-програмата 1,4 милиони евра грант – истакна Манасиевски и додаде:

– Моето прашање кое што го поставив до Љупчо Николовски е дали е ова награда за него, затоа што овие му отпишале кусок, односно Заеви и Филипче, дали е награда за Зоран Заев овој грант од 1,4 милиони евра, прашање кое тој секако не го одговори, односно упати тужба за ивнинување од мене бидејќи јас сум го клеветел и тоа му нанело душевна болка.

Манасиевски го отвори и прашањето поврзано со вештиот наод кој го направил Николовски и добил мислење од докторот Стојан Бајрактаров, кој е член на СДСМ, како и повеќекратен донатор на СДСМ, токму кога Љупчо Николовски ја имал функцијата генерален секретар на партијата.

– Тука има директни индиции дека нешто можеби е инсценирано, и јас тоа го прашав Љупчо Николовски, денеска на прес-конференцијата. Дали докторот Стојан Бајрактаров по барање на Љупчо Николовски изготвил можеби лажен извештај за тоа. Станува збор за повеќекратно донирање на суми на пари, дали се големи или мали, тоа сега јас не можам да кажам. Сепак е неколкукратно и токму во време кога Николовски е генрален секретар на партијата, токму во времето кога Љупчо Николовски е член на СДСМ, на владина седница кога ги бираат директорите на државните клиники, токму со неговиот глас и останатите членови на владата, докторот станува директор на Клиниката за психијатрија – посочи Манасиевски.

Тој се осврна и на тоа како воопшто започнала темата со која подоцна тој излегол во јавноста.

– Ова е минатата година во декември, имавме серија на прес-конференции, каде што тоа беше прво изнесено, јавно преку портали, каде што беа приведени неколку лица меѓу кои и поранешниот министер Трајан Димковски. Потоа, ние се приклучивме на темата со серија на прес-конференции, каде што побаравме одговори од претходниот министер за земјоделие и поранешен вицепремиер – заклучи Манасиевски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45757
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната соработка и добрососедските односи

23/09/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Њујорк, каде заедно со делегацијата што ја предводи присуствува на Генералното собрание на ОН

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА МАРИХУАНА Тошковски изнесе

23/09/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им се заблагодари на полициските службеници од Струмица за успешната акција во која

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е обдукција

23/09/2026

Германска туристка на возраст од 70 години во вторникот вечерта е пронајдена почината во хотел на кејот во Охрид, соопшти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy