Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАТВОРЕНИК ОД „ИДРИЗОВО“ ЈА ДОБИ ПРАВДАТА ВО СТРАЗБУР Му била извршена тортура од командир
Македонија

ЗАТВОРЕНИК ОД „ИДРИЗОВО“ ЈА ДОБИ ПРАВДАТА ВО СТРАЗБУР Му била извршена тортура од командир

27/02/2026

AA

Македонија се обврза да му исплати 11.295 евра отштета на затвореникот Фитим Муслиу кој ја тужеше државата пред Европскиот суд за човекови права жалејќи се дека бил тепан од полицаец во затворот „Идризово“. Судот во Стразбур пресече во корист на Муслиу, информираа Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Се работи за настан од 3 август 2020 година пред затворската кантина во „Идризово“. Муслиу се жалеше дека бил изложен на тортура од командирот на полицијата стекнувајќи се со телесни повреди и дека властите во Македонија не спровеле ефективна истрага.

Судот во Стразбур вели и дека пресудата не ја ослободува Македонија од обврската да спроведе истрага, конкретно дека е прекршен членот 3 од Европската конвенција за човекови права, за што се жалел Мислиу.

„Оваа одлука ги потврдува долгогодишните системски недостатоци во затворскиот систем, како и неефикасноста на внатрешните и надворешните механизми за пријавување и гонење случаи на тортура и нечовечко или понижувачко постапување кон осудените лица“, децидни се МЗМП и Хелсиншкиот комитет во врска со случајот.

Соочена со доказите, Владата доставила унилатерална декларација до Судот во која признала повреда на член 3 од Конвенцијата за човекови права. Државата се обврзала да му исплати на Муслиу обештетување од 11.295 евра за нематеријална штета. Иако апликантот не бил целосно задоволен, Судот одлучи да го затвори предметот по ова признание.

Оштетениот бил застапуван од адвокат Диме Ѓорчевски од Скопје, член на тимот на адвокати на МЗМП.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопје и САД ја зајакнуваат соработката: Средба на Ѓорѓиевски со

27/02/2026
Македонија

УКРАЛ „ГОЛФ“ И УДРИЛ ВО МАРКЕТ Повредена 23-годишна вработена во

27/02/2026
Македонија

Засилени контроли на АХВ во Липково, поради појава на сипаници

27/02/2026
Македонија

Семејствата бараат одговорност: Споредба на реакциите по трагедиите во Швајцарија

27/02/2026
Македонија

Отстранета дивограбата на познатиот скопски ресторан „Еквилибриум“ во Аеродром

27/02/2026
Македонија

ЗА ДОЛГ ОД 2.700 ЕВРА МУ БАРАЛА ДУРИ 15.000 Падна

27/02/2026
Македонија

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички во

27/02/2026
Македонија

Продолжува стабилно и релативно топло време

27/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42018
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопје и САД ја зајакнуваат соработката: Средба на Ѓорѓиевски со в.д. амбасадорката Никол Варнс

27/02/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски

УКРАЛ „ГОЛФ“ И УДРИЛ ВО МАРКЕТ Повредена 23-годишна вработена во Палатица, сторителот побегнал

27/02/2026

Непознат сторител украл „фолксваген голф“ во тетовско и со возилото удрил во маркет во село Палатица, при што повредена е

Засилени контроли на АХВ во Липково, поради појава на сипаници кај овците и козите

27/02/2026

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Цветан Трипуновски, заедно со директорот на Агенцијата за храна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy