Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Семејствата бараат одговорност: Споредба на реакциите по трагедиите во Швајцарија и Кочани
Македонија

Семејствата бараат одговорност: Споредба на реакциите по трагедиите во Швајцарија и Кочани

27/02/2026

AA

Здружението на граѓани „16ти Март 2025“ реагира со споредба на институционалните одговори по трагедијата во Crans-Montana во Швајцарија и трагедијата во Кочани од 16 март 2025 година, оценувајќи дека двете држави покажале целосно различен пристап кон справување со последиците.

Во соопштението се наведува дека по трагедијата во Crans-Montana на 1 јануари 2026 година, швајцарските власти реагирале брзо и организирано, со директна финансиска помош за настраданите, како и дополнителни исплати од кантоналните власти. Дополнително, како што посочуваат од здружението, бил формиран посебен фонд за обесштетување, а биле организирани и средби меѓу семејствата, државните институции и осигурителните компании со цел избегнување долги судски процеси.

Според здружението, во Швајцарија веќе била одржана и официјална државна комеморација, што го оценуваат како чин на солидарност и јавно признавање на трагедијата.

Од друга страна, семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, на 16 март 2025 година, сè уште се соочуваат со, како што велат, институционален молк. Во реакцијата се наведува дека досега не е обезбедена ниту финансиска, ниту системска поддршка, не се одржани координирани средби со семејствата, ниту е презентиран јасен план за институционална реакција.

Посебно се истакнува дека досега не е одржана државна комеморација за жртвите од трагедијата „Пулс“, што здружението го оценува како сериозен институционален пропуст. Според нив, комеморацијата не претставува формалност, туку чин на национална почит и јавно признавање на одговорноста на државата.

Здружението поставува повеќе прашања поврзани со институционалната реакција, барајќи одговорност, транспарентност и јасен државен став. Семејствата, како што се наведува, не бараат привилегии, туку вистина, правда и системски мерки што ќе спречат повторување на вакви трагедии.

Од „16ти Март 2025“ порачуваат дека молкот не смее да стане став и дека државата има обврска да покаже институционална зрелост преку јавно признание, комеморација и конкретни чекори кон утврдување на одговорност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕМА ОД ШАЛТЕР ДО ШАЛТЕР ДА ГИ НОСАТ ИСТОРИИТЕ

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45711
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7 степени повисоки од просекот

21/09/2026

Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем дел од државата, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН ВО „ПУЛС“ Тројца гости сведочеа

21/09/2026

Сведок на рочиштето против 13 полицајци денеска сведочеше дека еден полицаец одбил да им помогне на повредените во пожарот во

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА Тој тврди дека плочата ја

21/09/2026

Парична казна во висина од 5.000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамиз Мерко

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy