Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Отстранета дивограбата на познатиот скопски ресторан „Еквилибриум“ во Аеродром
Македонија

Отстранета дивограбата на познатиот скопски ресторан „Еквилибриум“ во Аеродром

27/02/2026

AA

Активностите за уредување и враќање на јавните површини во првобитна состојба повторно се тема на јавна расправа во Општина Аеродром, по објава на социјалните мрежи дека е отстранет објект што бил изграден без соодветна дозвола кај познат скопски ресторан.

Во Фејсбук групата „Општина Аеродром – Пријави проблем“, анонимен корисник сподели информација дека била отстранета дивоградба кај ресторанот „Еквилибриум“, при што, како што се наведува, бил ослободен узурпиран јавен простор. Во објавата се повикува надлежните да продолжат со постапување и кон други слични случаи на територијата на целата општина.

„Вака и неселективно, сега треба да постапите во цел Аеродром со сите вакви затворени тераси, платформи, надградби и узурпирано зеленило“, стои во реакцијата, во која се посочува дека дел од угостителските објекти користат јавен простор без соодветни одобренија.

Дел од граѓаните во коментарите ја поздравија акцијата, оценувајќи ја како чекор во вистинска насока, и побараа идентични постапки и против други угостителски објекти. Некои од нив повикаа и на поширока контрола во сите скопски општини.

Ресторанот „Еквилибриум“ важеше за еден од поелитните локали во Скопје, а во изминатиот период беше препознатлив и по организирање тематски настани. Локалот со години беше често посетуван и од познати личности, што дополнително ја зголемуваше неговата јавна видливост во овој дел од градот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Штип бара помош од соседните противпожарни единици за пожарот!

10/06/2026
Македонија

Јорданов: Приоритет е заштита на имотите на граѓаните – доброволците

10/06/2026
Македонија

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови

10/06/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова по средбата со Јотова: Уставните измени не се единствениот

10/06/2026
Македонија

Избрани нови претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ

10/06/2026
Македонија

Нестабилно време: Пороен дожд, грмежи и локална нестабилност во неколку

10/06/2026
Македонија

Д-р Дохчев: Органодарителството е најголема вредност за човештвото

10/06/2026
Македонија

Општина Тетово алармира: Лажно известување циркулира меѓу граѓаните кај булеварот

10/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43699
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Штип бара помош од соседните противпожарни единици за пожарот!

10/06/2026

По барање на Општина Штип, побарана е помош од соседните противпожарни единици, а екипи од ТППЕ Кочани и ТППЕ Свети

Јорданов: Приоритет е заштита на имотите на граѓаните – доброволците се мобилизирале за само 10

10/06/2026

Големиот пожар кој избувна над Штип и се движеше во правец на централното градско подрачје е ставен под контрола. Брзата

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови претседатели на комитети и донесе

10/06/2026

На вечерашната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени одлуките за новите претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително беа усвоени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy