
Затворен за сообраќај автопатот Тетово-Скопје, има сообраќајка
АМСМ информира дека од 21,40ч сообраќајот на автопат Тетово-Скопје е затворен за сообраќај. Според нив, прекинот е поради случена сообраќајна незгода. Истиот се пренасочува низ градот, па кон стариот пат.