
Застана здивот на навивачите на Барселона: Левандовски е повреден!
Од 34. минута, на теренот не е најдобриот стрелец во екипата Роберт Левандовски кој мораше да замине на клупа поради повреда. Од првите фотографии, може да се заклучи дека станува збор за повреда на скочниот зглоб, по дуелот со противничкиот дефанзивец Давид Кармо, во акција во која главниот судија не досуди ни прекршок.
Полјакот е четврти битен играч во составот на Барселона кој се повредува за кратко време. Пред него, истата судбина ја доживеаја Педри, Френки де Јонг и Рафиња и сите четворица се во опасност да го пропуштат Ел Класико кое е на програмата пред пред крајот на октомври.
Интересно е тоа што местото на Левандовски, во игра влезе Феран Торес и тој го постигна водечкиот гол за Барселона, во судиското продолжение.
