Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Со ништо не може да се намали важноста и итноста на уставните измени
Македонија

Османи: Со ништо не може да се намали важноста и итноста на уставните измени

04/10/2023

AA

Со ништо не може да се намали важноста и итноста на уставните измени. Мораме да ја искористиме отворената врата на ЕУ поради геополитичките случувања на европскиот континент, затоа што во спротивно Македонија друга ваква шанса може да чека со децении, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“ рече дека се наоѓаме пред сериозен историски моментум.

-Знам дека политичарите тоа го кажуваат секогаш и веќе губи од тежина. Меѓутоа навистина, после Втората светска војна и формирањето на ЕУ, ваков геополитички моментум немало никогаш со руската агресија во Украина и оттука е нашата итност да фатиме чекор со ова отворање на ЕУ. Често велам дека ЕУ се шири по два принципи- меритократски и геополитички. Што значи тоа? Дека таа голема железна врата се отвара периодично во одредени геополитички тригери и моментуми, а влегуваат, во тој период на отворена врата тие што се спремни, рече Османи.

Според него, земјава не смее да ја пропушти оваа шанса. И покрај ставот на опозицијата која е против уставни измени, Османи е оптимист посочувајќи дека покажал оптимизам и на 19 јули 2022 година, кога никој не верувал дека „ќе се пробие процесот“.

– Јас ви кажувам дека ќе го пробиеме пак, и тоа во најдобар интерес, рече Османи.

За тоа кога е последниот рок за уставни измени, Османи вели дека вратата ќе почне „да се подзатвора по декември, бидејќи повторно фокусот ќе биде Украина.

-Би требало сега со сите сили да го фатиме декември. Но, ако не биде, за мене последниот ден е мандатот на овој Парламент, затоа што сум убеден дека по изборите, ќе биде многу тешко, рече Османи.

Османи неколкупати нагласи преговарачкиот процес за ЕУ да не се поврзува со протоколите што произлегуваат од Договорот со Бугарија.

Запрашан за тоа кога ќе се одржат претседателските и парламентраните избори, министерот рече дека најверојатно тоа ќе биде во редовниот термин.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

27 пожари низ Македонија, активни се 11

18/08/2026
Македонија

Велешанецот Благој Гугинов влезе во топ 10 кајакари во Европа

18/08/2026
Македонија

ЕБР бара нови припадници – отворен интерен конкурс за полициски

18/08/2026
Македонија

Исплатена финансиската помош за онколошките пациенти кои ги исполниле условите

18/08/2026
Македонија

Пожар избувна во автобус на ЈСП кај Цветово, возачот го

18/08/2026
Македонија

166 пешаци санкционирани за сообраќајни прекршоци, најголем дел преминувале улица

18/08/2026
Македонија

Стотина пријави за угинати птици пристигнале до АХВ, апел да

18/08/2026
Македонија

Армијата одбележа 34 години: Сиљановска, Мисајловски и Лафчиски со пораки

18/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45094
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

27 пожари низ Македонија, активни се 11

18/08/2026

На ден 18.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни,

Велешанецот Благој Гугинов влезе во топ 10 кајакари во Европа

18/08/2026

Седумнаесетгодишниот кајакар Благој Гугинов, член на ККК „Арка-Борец“ од Велес, оствари историски успех освојувајќи го деветтото место на Европското првенство

ЕБР бара нови припадници – отворен интерен конкурс за полициски службеници

18/08/2026

Министерството за внатрешни работи ги известува сите заинтересирани активни полициски службеници дека од денеска е официјално отворен интерен конкурс за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy