Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Засилени сообраќајни контроли: 1425 прекршоци санкционирани во последните два дена
Македонија

Засилени сообраќајни контроли: 1425 прекршоци санкционирани во последните два дена

30/04/2025

AA

Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава во текот на изминатите два дена (28/29.04.) полициските службеници издале вкупно 1425 платни налози за сторени прекшоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Притоа, во рамки на оваа бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и пречекорување на брзината на движење, беа регистрирани 415, односно 333 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистирани биле 144 возачи, потоа 71 учесник во сообраќајот биле санкционирани за неносење сигурносен појас, 39 возачи на мотоцикл за неносење на заштитна кацига, а пак 64 за користење на мобилен телефон при возење.

Исто така, според статистичките податоци, во шест случаи возачи минале на црвено светло, во 18 случаи кај возачи било утврдено недозволено количество алкохол во крвта, а санкционирани биле и 15 пешаци.

По основ пак на Законот за возила 48 возила биле отстранети од сообраќај и тоа 14 заради техничка неисправност а 34 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани.    

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, особено за време на утрешниот празник возачите да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е предуслов за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

16 возачи приведени во едно деноноќие, повеќето возеле без дозвола

05/09/2026
Македонија

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик во Европа

05/09/2026
Македонија

По години чекање, се ослободува трасата кај мостот „Генерал Михајло

05/09/2026
Македонија

Турски државјанин приведен во Охрид поради сомнение за посредување во

05/09/2026
Македонија

На Табановце приведен Романец кој кај Демир Капија возел 163

05/09/2026
Македонија

Со 2,98 промили алкохол возел низ Дебар – полицијата го

05/09/2026
Македонија

Инспекторатот за употреба на јазиците објави дека директорот се сретнал

05/09/2026
Македонија

Турски државјанин приведен во Охрид, осомничен за врбување за проституција

05/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45477
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

16 возачи приведени во едно деноноќие, повеќето возеле без дозвола

05/09/2026

Полицијата во текот на изминатото деноноќие лишила од слобода 16 возачи на различни локации низ државата поради сомнение за „безобѕирно

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик во Европа

05/09/2026

Зголемениот број случаи на западнонилска треска не е проблем со кој се соочува само Македонија, туку поширок европски предизвик, оцени

По години чекање, се ослободува трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“

05/09/2026

По долгогодишното чекање, конечно се придвижува реализацијата на сообраќајната врска кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој треба да ги поврзе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy