Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СИСТЕМИТЕ СЕ ЕЛЕКТРОНСКИ, НО ЗАД НИВ СЕКОГАШ СТОИ НЕКОЈ ЧОВЕК Јаневска ги охрабрува студентите да пријават ако некој им бара мито
Македонија

СИСТЕМИТЕ СЕ ЕЛЕКТРОНСКИ, НО ЗАД НИВ СЕКОГАШ СТОИ НЕКОЈ ЧОВЕК Јаневска ги охрабрува студентите да пријават ако некој им бара мито

04/11/2026

AA

Секогаш ќе има поединци што ќе го злоупотребуваат системот, но битно е дека МВР и правдата функционираат. Човекот е откриен, се води истрага и понатаму ќе ги сноси сите консеквенции за нелегалните активности што ги направил, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со истрагата што вчера ја отвори МВР за вработен на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип поради сомнителни манипулации со оценки и испитни бодови.

Министерката истакна дека ги охрабрува студентите, вработените на универзитетите и факултетите и сите граѓани да пријавуваат вакви нелегални активности.

– Системите на факултетите се електронски, меѓутоа секогаш има човек кој работи на тој систем. Секогаш може да се случи незаконско дејство, но важно е дека ние сме успеале тоа да го откриеме. Важно е да го спречиме и да им пратиме порака на другите, кои би помислиле дека може такво нешто да направат, да се откажат од тоа. Не е прв случај каде што имаме пријави. Секаде каде што сме имале пријави, Државниот просветен инспекторат постапува и имаме и неколку случаи за кои се водат судски постапки, ќе видиме како ќе завршат. Овде ДПИ нема зошто да постапува, полицијата постапува – изјави Јаневска по промоцијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека МВР и повеќе негови сектори вчера презеле акција по индиции за прекршување на законот од страна на вработен на Универзитетот во Штип.

– Лицето се сомничи дека спротивно на закон вршело одредени дејства за корекција на оценки на студенти на универзитетот, за што постојат соодветни докази коишто му даваат право на МВР, по наредба на Јавното обвинителство, да ги преземе чекорите што ги презеде. Најдовме и одредени докази во таа насока, така што се надевам дека во останатиот дел од процесот ќе се докаже теоријата на случај која ја изнесе Обвинителството во соработка МВР – изјави Тошковски.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР-Штип, СВР-Скопје и Секторот за компјутерски криминал при МВР, по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип, вчера вршеле претреси на повеќе локации во Штип и во Скопје во врска со сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од страна на Р.Т., раководител на информатички сектор при Универзитетот во Штип.

Според првичните информации и овој случај го имаат пријавено турски студенти, исто како што пред неколку месеци беше фатена професорка со обележани пари, за турски студент да добие преодна оценка на испит.

Истрагата за новиот случај вчера ја потврдија и надлежните од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, а Ректоратот соопшти дека има „нулта толеранција за корупцијата и злоупотребата во академската заедница“ и оти овозможува „целосна, неограничена соработка со МВР и надлежното обвинителство за брзо и целосно расчистување на случајот“.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ ЖАЛЕЛЕ ДЕКА ИМААТ МНОГУ РАБОТА, А ОДБИВАЛЕ ДА СЕ

04/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ РЕФОРМИРА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ Се подготвува и реорганизација

04/11/2026
Македонија

СИСТЕМИТЕ СЕ ЕЛЕКТРОНСКИ, НО ЗАД НИВ СЕКОГАШ СТОИ НЕКОЈ ЧОВЕК

04/11/2026
Македонија

ВОЗАЧИТЕ НАУЧИЈА КАДЕ СЕ КАМЕРИТЕ, НО СЕГА ЌЕ ГИ ДЕМНАТ

04/11/2026
Македонија

ВГОДИНА ПОЧНУВААТ ДИЈАЛОЗИ ЗА ПОСТЕПЕНА ИНТЕГРАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ

04/11/2026
Македонија

ПЕНДАРОВСКИ НЕГИРА ДЕКА ГРАДИ ЗГРАДА ВО ВЛАЕ СО МУСЛИУ Тврди

04/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНА НАПРЕДОК ВО ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ВО ЈАВНАТА

04/11/2026
Македонија

17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА Е ЖРТВАТА ВО ЗАПАЛЕНИОТ АВТОМОБИЛ Нови детали за

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46571
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ ЖАЛЕЛЕ ДЕКА ИМААТ МНОГУ РАБОТА, А ОДБИВАЛЕ ДА СЕ ДЕЦЕНТРАЛИЗИРА ТЕРАПИЈАТА Клековски го крши

04/11/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска истакна дека има отпор на Клиниката за онкологија и на некои од клиничките болници,

ЌЕ СЕ РЕФОРМИРА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ Се подготвува и реорганизација на Ургентниот центар во Клиничкиот

04/11/2026

Поголема достапност на лекови, реформа на итната помош, обнова на болниците и дигитално здравство се дел од проектите за кои

ВОЗАЧИТЕ НАУЧИЈА КАДЕ СЕ КАМЕРИТЕ, НО СЕГА ЌЕ ГИ ДЕМНАТ И ПОЛИЦИСКИ ВОЗИЛА Најавен нов

04/11/2026

Од 2027 година и возилата на Министерството за внатрешни работи ќе служат за откривање и констатирање сообраќајни прекршоци на местата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy