Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Запленети фотоапарати, м-таг, цигари, дрога, автоделови, керамички плочки, облека…
Македонија

Запленети фотоапарати, м-таг, цигари, дрога, автоделови, керамички плочки, облека…

18/11/2025

AA

Во текот на минатите  две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани:

– 2 употребувани фотоапарати  SONY и CANON со објективи од 50 мм кои при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Брисел-Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце, биле пронајдени сокриени во ќеса над првите седишта. Вредноста на апаратите е проценета на 87.300 денари, а избегнатите давачки се во износ од 20.864 денари.

– При контрола на стока со потекло од Кина наменета за фирма од Скопје, а пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија, откриени се 662.4 м2, керамички плочки кои не биле опфатени со царинските документи.

– Во друг случај, во делот за товар на возило пикап кој бил запрен за контрола во близина на граничниот премин Блаце, биле пронајдени 20 употребувани делови за BMW X5 (хауба, браник, поткрила, полуосовини, зглобови, амортизери, врата, халогенки, фар, воздушно пернилче и друго).

– Автобус со турски регистарски таблици е запрен на наплатната рампа Петровец и однесен до царинската испостава Скопје 4 со цел да се изрши детална контрола. Притоа е откриено дека внатрешноста на компресорот за климатизација е празна и прилагодена за криумчарење стока.  

– При личен претрес на сопатничка во автомобил на влез во државата на граничниот премин Табановце, пронајдени се 2 грама кокаин завиткани во најлонска кесичка.

– 1.632 играчки со ознаки на заштитена трговска марка, биле пронајдени при контрола на стока со потекло од Кина сместена во јавен царински склад и пријавена за увозно царинење. Играчките се задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

– 39 парчиња облека и 3 женски чанти се пронајдени во две кутии кои биле сместени на седиштата на патничко комбе кое се пријавило за влез во државата на граничниот премин Табановце. Вредноста на производите изнесува 137.000 денари а избегнатите давачки се во износ од 52.773 денари.

– Царински инспектори од Службата за мобилни скенери на влез во државата на граничниот премин Богородица откриле непријавени 11 штеки цигари без акцизни маркички под возачкото седиште, на задното седиште и во багажникот на автомобил. Вредноста на цигарите изнесува 12.262 денари, а избегнатите давачки се во износ од 21.830 денари.

Во два одвоени случаи од страна на царински службеници на граничниот премин Ново Село откриени се:

– 45 М-ТАГ апарати за плаќање патарина кои биле сокриени во багажникот на автомобил пријавен за влез во државата. Вредноста на апаратите изнесува 69.255 денари а избегнатите давачки се во износ од 9.676 денари.

– 1 турбина марка BorgWarner 14G25-0037 е пронајдена во багажникот на автомобил пријавен за влез во државата. Вредноста на турбината изнесува 69.255 денари, а избегнатите давачки се во износ од 15.436 денари.

На граничниот премин Богородица во два одвоени случаи откриение се 240 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка и 59 машки џемпери.

– Во првиот случај, при контрола на камион кој бил пријавен за влез во државата, пронајдени се 240 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка. Стоката е задржана поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост.

– Во вториот случај, во внатрешноста и во багажникот на автомобил, пријавен за влез во државата, биле пронајдени непријавени 59 машки џемпери.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УБИЕН Е ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН СЛАВИ БИНЕВ ВО СОФИЈА Тројца

24/10/2026
Македонија

ВАКВИ ПРОТЕСТИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ РЕЖИРАНИ Политиколозите за бранот

24/10/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ ОЧЕКУВА УШТЕ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ВО ВТОРИОТ КРУГ Се заблагодари

24/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО УБЕДЛИВО ВОДСТВО ПРЕД ПОЛИТИЧКИТЕ КОНКУРЕНТИ Мицкоски со најголема

24/10/2026
Македонија

ГО УЗУРПИРАЛЕ ШУМСКИОТ ЧЕКАН СО ПЕЧАТ ЗА КРАДЕЊЕ ДРВА Кривична

24/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ, КАДЕ ТИ СЕ АНКЕТИТЕ ВО КОИ РАСТЕ РЕЈТИНГОТ НА

24/10/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА СО ДЕТЕКТОРИ БАРАЛЕ ЗЛАТО ВО ГОСТИВАРСКО Сега чекаат какво

24/10/2026
Македонија

ВОЗАЧ УСМРТИ МЕЧКА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО Налетал на животното со

24/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46354
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УБИЕН Е ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН СЛАВИ БИНЕВ ВО СОФИЈА Тројца осомничени се приведени

24/10/2026

Познатиот бугарски бизнисмен Слави Бинев е застрелан во софиската населба „Павлово“, соопшти Софиското градско обвинителство за бугарската телевизија bTV. Според

ВАКВИ ПРОТЕСТИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ РЕЖИРАНИ Политиколозите за бранот демонстрации што ја зафати Европа

24/10/2026

Службите не можат директно да иницираат протести, особено од оваа големина, мора да има некакво автентично незадоволство за да се

РАДИЧЕВСКИ ОЧЕКУВА УШТЕ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ВО ВТОРИОТ КРУГ Се заблагодари за гласовите во првиот круг

24/10/2026

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски, истакна дека со поддршка на Владата и премиерот Христијан Мицкоски се реализираат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy