Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УБИЕН Е ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН СЛАВИ БИНЕВ ВО СОФИЈА Тројца осомничени се приведени
Македонија

УБИЕН Е ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН СЛАВИ БИНЕВ ВО СОФИЈА Тројца осомничени се приведени

24/10/2026

AA

Познатиот бугарски бизнисмен Слави Бинев е застрелан во софиската населба „Павлово“, соопшти Софиското градско обвинителство за бугарската телевизија bTV.

Според првичните информации, до инцидентот дошло утрото на 24 октомври. Сигналот за пукањето бил пријавен на итниот телефон 112 во 10:18 часот. Полициски екипи и екипи на итната медицинска помош пристигнале на местото, каде што била констатирана смртта на бизнисменот.

Според информациите од главниот секретар на бугарското Министерство за внатрешни работи, Љубомир Николов, Бинев бил погоден со еден куршум во главата. На местото на злосторството била пронајдена една чаура.

Бугарската полиција привела тројца мажи осомничени за поврзаност со убиството. Тие биле запрени на 54-тиот километар од автопатот „Тракија“, откако полицијата забележала дека возилото со кое се движеле ја напушта Софија.

Според првичните информации од бугарските власти, двајца од приведените се со турско потекло, додека третиот поседувал бугарски документи за идентификација.

При приведувањето биле пронајдени два пиштола. Едниот, според сомнежите на истражителите, бил фрлен од возилото непосредно пред неговото запирање, додека другиот бил пронајден во торбичка кај еден од приведените. Засега не е утврдено кој од тројцата пукал во Бинев.

Главниот секретар на бугарското МВР, Љубомир Николов, изјавил дека водечката верзија на истрагата е убиство поради нерегулирани финансиски односи.

Според информациите на истражителите, тројцата приведени се занимавале со градежништво и во моментот градат два станбени комплекси во Софија. Сепак, засега не е утврдена деловна поврзаност меѓу нивната компанија и Бинев.

Николов оценил дека случајот засега не упатува на нарачано убиство, посочувајќи дека осомничените и бизнисменот се познавале подолго време.

Според истражителите, постои сведок кој забележал дека тројцата мажи пристигнале кај Бинев, а потоа го напуштиле имотот. Сепак, во моментот на првичните соопштенија немало сведок што непосредно го слушнал разговорот меѓу нив.

Телевизијата БТВ објавила дека располага со снимки од безбедносни камери на кои се гледаат пристигнувањето на возилото и средбата на Бинев со тројцата мажи.

Околу 18:30 часот, тројцата приведени биле однесени во Софиската дирекција на внатрешни работи на распит. Според првичните информации, во тој момент сè уште не им биле поднесени обвиненија.

Истрагата треба да ги утврди точните околности на убиството, улогата на секој од осомничените и можниот мотив за нападот.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy