Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ШТО ЖИВЕАТ ВО СТРАНСТВО ТРЕБАЛО ДА ГО ДОБИЈАТ МАРТОВСКОТО ПОКАЧУВАЊЕ ОД 2.500 ДЕНАРИ Комисијата констатира дека се дискриминирани
Македонија

И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ШТО ЖИВЕАТ ВО СТРАНСТВО ТРЕБАЛО ДА ГО ДОБИЈАТ МАРТОВСКОТО ПОКАЧУВАЊЕ ОД 2.500 ДЕНАРИ Комисијата констатира дека се дискриминирани

18/11/2025

AA

Комисијата за заштита од дискриминација утврдила дека врз 12.000 пензионери, кои стекнале право на пензија во Македонија, но пријавиле адреса на живеење надвор од државата, е направена дискриминација со тоа што не биле опфатени при зголемувањето на пензиите по 2.500 денари во март 2025 година, како и идните зголемувања од редовното усогласување на пензиите по овој датум.

Претставки до Комисијата за заштита од дискрининација ја поднел Темелко Ристовски, поранешен универзитетски професор по уставно право, сега пензионер, како и пензионерка која работела во градинката „8 март“ во Скопје и нејзиниот сопруг, поранешен вработен во Македонски народен театар (МНТ). За истиот проблем поднесени се уште две иницијативи до Уставниот суд, но засега за нив нема одлука.

Пензионерите кои живеат во странство имаат обврска еднаш годишно да се пријавуваат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување(ПИОМ). Така се знае колку од нив не се во земјава.

Кога Владата во 2024 година направи измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување за еднократно да ги зголеми пензиите за по 2.500 денари, тоа беше образложено како мерка за заштита на стандардот на пензионерите и одржување на нивната куповна моќ во услови на ценовен шок.

По оваа измена што предвидува линеарно зголемување на пензиите, дополнително се направи уште измена година подоцна, во 2025, при што се смени членот 37 и се додаде условот „пензијата да се исплаќа во Република Северна Македонија“.

Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека иако условот на прв поглед делува неутрално (не прави поделба по државјанство, етничка припадност и слично), сепак де факто ги дели пензионерите според нивното место на живеење.

„Со тоа, нивната пензија станува пониска во однос на пензијата на лице со ист работен стаж и ист основен износ, само поради различното место на исплата. Надлежните органи не се осврнале на оправданоста, ниту образложиле која е целта на државата поради која ја исклучила оваа група пензионери“, утврди Комисијата.

Освен тоа, зголемувањето на мартовските пензии беше исплатено на 1 април 2025, а измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување се објавени во „Службен весник“ седум дена подоцна, на 8 април. Ова значи дека во моментот на исплата новиот закон не бил во сила, а закон не може да важи ретроактивно затоа што ретроактивноста е спротивна на Уставот.

Измените на законот беа поднесени од Министерството за социјална политика, демографија и млади, по што Собранието на 1 април ги изгласа.

Според податоците од ПИОМ, во септември во Северна Македонија имало 347.352 пензионери. Просечно исплатената пензија била 27.189 денари. Најбројни (околу 250.000 пензионери) се корисници на старосна пензија.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УБИЕН Е ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН СЛАВИ БИНЕВ ВО СОФИЈА Тројца

24/10/2026
Македонија

ВАКВИ ПРОТЕСТИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ РЕЖИРАНИ Политиколозите за бранот

24/10/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ ОЧЕКУВА УШТЕ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ВО ВТОРИОТ КРУГ Се заблагодари

24/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО УБЕДЛИВО ВОДСТВО ПРЕД ПОЛИТИЧКИТЕ КОНКУРЕНТИ Мицкоски со најголема

24/10/2026
Македонија

ГО УЗУРПИРАЛЕ ШУМСКИОТ ЧЕКАН СО ПЕЧАТ ЗА КРАДЕЊЕ ДРВА Кривична

24/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ, КАДЕ ТИ СЕ АНКЕТИТЕ ВО КОИ РАСТЕ РЕЈТИНГОТ НА

24/10/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА СО ДЕТЕКТОРИ БАРАЛЕ ЗЛАТО ВО ГОСТИВАРСКО Сега чекаат какво

24/10/2026
Македонија

ВОЗАЧ УСМРТИ МЕЧКА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО Налетал на животното со

24/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46354
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УБИЕН Е ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН СЛАВИ БИНЕВ ВО СОФИЈА Тројца осомничени се приведени

24/10/2026

Познатиот бугарски бизнисмен Слави Бинев е застрелан во софиската населба „Павлово“, соопшти Софиското градско обвинителство за бугарската телевизија bTV. Според

ВАКВИ ПРОТЕСТИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ РЕЖИРАНИ Политиколозите за бранот демонстрации што ја зафати Европа

24/10/2026

Службите не можат директно да иницираат протести, особено од оваа големина, мора да има некакво автентично незадоволство за да се

РАДИЧЕВСКИ ОЧЕКУВА УШТЕ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ВО ВТОРИОТ КРУГ Се заблагодари за гласовите во првиот круг

24/10/2026

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски, истакна дека со поддршка на Владата и премиерот Христијан Мицкоски се реализираат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy