ЧЕТВОРИЦА СО ДЕТЕКТОРИ БАРАЛЕ ЗЛАТО ВО ГОСТИВАРСКО Сега чекаат какво дело ќе им натовари полицијата
Четири лица синоќа биле затекнати како вршеле нелегален ископ за пронаоѓање злато во „Гори соколеци“ кај село Калиште, гостиварско, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полицијата ги уапсила Н.С.(63) од село Џепчиште, М.Д.(55) од село Челопек, З.М.(72) и Н.К.(78) од село Врапчиште, а на местото се одземени метален детектор, лопати, копачи и други предмети.
-Тие се сомничат дека со тоа сториле кривично дело по член 264 од Кривичниот законик – „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или природни реткости“ – информираа од МВР.
Сите биле задржани во полициска станица.
.
Извор: plusinfo.mk