Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Загубите на електрична енергија лани не чинеле уште повеќе – 160 милиони евра
Економија

Загубите на електрична енергија лани не чинеле уште повеќе – 160 милиони евра

05/05/2023

AA

Ланското бесправно користење, односно загубите на електричната енергија, не чинеле неверојатни 157 милиони евра што сме ги платиле преку сметките за струја. Цехот во текот на 2022 бил уште поскап од 2021, и тоа под позитивна околност што лани ЕСМ Продажба одлучи за ЕВН Електродистрибуција да го покрие поголемиот дел од неовластеното користење на струја од потрошувачите со многу поевтина цена за надоместување на комерцијалните загуби во електродистрибутивната мрежа во однос на приватните снабдувачи.

ЕСМ мораше вонредно да се вклучува во покривањето на загубите од нерегуларното користење на струјата и 631.348 мегаватчасови му предал на ЕВН Електродистрибуција по просечна цена од 8.809 денари. Останатите 240.000 мегаватчасови биле превземени од приватни снабдувачи по просечни цени кои се многу повисоки – од 13.155 до 19.035 денари по мегаватчас, покажува извештајот на Регулаторната комисија за енергетика.

Загубите во електродистрибутивната мрежа на електрична енергија во 2021 ги чинеа граѓаните точно 100 милиони евра, а една од причините е и крадењето струја. Анализата покажува дека со години процентот на загубите на електрична енергија во мрежата, кои се должат на кражби на струја и неовластено користење, не може да се намали под 13 отсто иако редовно се прават планови како оваа појава да се редуцира.

„Електродистрибуција во континуитет презема мерки и активности за намалување на
загубите и тоа проекти за групни дислокации на мерните уреди, поединечни
дислокации на мерните уреди, промена на броила, имплементација на броила со
можност за далечинско отчитување и исклучување, зголемена техничка контрола на
мерните места, откривање на манипулирани броила и друго. Сепак загубите во
електродистрибутивната мрежа се големи па затоа Електродистрибуција треба и во
иднина да продолжи со мерките и активностите за намалување на процентот на
загубите со електрична енергија со цел да достигне приближен можен процент на
технички загуби преку максимално можно елиминирање на комерцијалните загуби
коишто претставуваат неовластено користење на електрична енергија“, нагласува Регулаторна комисија за енергетика.

Ако просечната цена што сме ја плаќале во 2022 за покривање на загубите била 11.000 денари, во 2021 таа била 6.600 денари, додека во 2020 овој трошок не чинел само 3.330 денари по мегаватчас. Тогаш сме платиле 47 милиони евра за загуби, а само две години подоцна – повеќе од тројно и тоа со интервенција на ЕСМ.

Од ЕВН Електродистрибуција со години нагласуваат дека неовластеното користење на електрична енергија се случува поради различни причини, а истото важи и за загубите. Како најголеми причинители може да се набројат: копањето крипто валути, кражбите на електрична енергија од страна на малите комерцијални објекти коишто имаат голема потрошувачка како и приватната потрошувачка, Зголемувањето на загубите е евидентно особено во скопскиот регион. Енергијата што се губи во суштина не се мери и не се знае кој е крајниот потрошувач. 

Од регулаторот дополнително додаваат дека единствени решенија кои може да се донесат се одобрувања на дислокација на броила. Исто така, со цел да се намалат комерцијалните загуби во електродистрибутивната мрежа, кај објектите на потрошувачите се монтираат броила со можност за далечинско отчитување и исклучување.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy