Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заедничка контрола на полицијата и инспекторатите во угостителски објекти во Гостивар – констатирани неправилности, изречени соодветни казни
Македонија

Заедничка контрола на полицијата и инспекторатите во угостителски објекти во Гостивар – констатирани неправилности, изречени соодветни казни

18/03/2023

AA

Во текот на претходната ноќ (17/18.03 2023) од страна на полициски службеници на Бирото за јавна безбедност при МВР во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот инспекторат за труд (ДИТ) спроведена е заедничка контрола во угостителски објекти во Гостивар.

За време на контролата во еден од угостителските објекти од страна на ДПИ констатирани се неправилности по Закон за заштита од пушење, од страна на УЈП е констатирано неиздавање фискални сметки, а од ДИТ затекнато е едно лице на работно место без содветни документи. Полициски службеници затекнале едно женско лице, странски државјанин, без регулиран престој и соодветни документи, кое е предадено на инспектори за странци за понатамошна постапка.

Во друг угостителски објект изречени се глоби поради констатирани неправилности од страна на ДПИ, УЈП и ДИТ, меѓу кои неиздавање на фискални сметки, непоседување книга за дневен извештај, непочитување на Законот заштита од пушење во затворен дел од објектот и др. Неправилности од страна на УЈП во врска со неиздавање на фискални сметки, непоседување на фискална каса и книга со извештаи се констатирани во уште еден угостителски објект во Гостивар, за што ќе бидат изречени парични глоби. Во истиот објект се затекнати осум лица кои непријавени вршат угостителска дејност за што ќе следува казна.

За време на акциската контрола, на подрачјето на Гостивар беа затекнати пет возачи кои управуваа возило под дејство на алкохол, истите се исклучени од сообраќај и издадени им се соодветни платни налози. Притоа, констатирани се девет останати прекршоци, кои се законски санкционирани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy