Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАДОЛЖЕНАТА ДРЖАВА ОБЕШТЕТУВА ФИРМИ: „Каргомакс“ доби 1,8 милиони евра
Економија

ЗАДОЛЖЕНАТА ДРЖАВА ОБЕШТЕТУВА ФИРМИ: „Каргомакс“ доби 1,8 милиони евра

08/07/2024

AA

Државната управа и јавните претпријатија не им должат само на меѓународни кредитори, туку и на фирми од земјата, кои потоа мора да ги обештетат спогодбено. „Каргомакс“ од Миладиновци по парламентарните избори наплатил 1,8 милиони евра како обештетување од Министерството за финансии за да не ја тужи државата пред Европскиот суд за човекови права.

Фирмата која најмногу е позната по набавката и сервисирањето на комунални и транспортни возила Iveco, ги добила 110.205.789-те денари на 23 мај годинава, иако нема информации во јавноста што е тоа што го нема расчистено државата со компанијата на скопјанецот Коста Кипровски која патем во 2023 остварила приход од 5,4 милиони евра и добивка од 265.000 евра со 21 вработен.

Владата им нудела спогодбено 4 милиони евра на фирми за да не биде тужена пред Европскиот суд за човекови права. Во заклучокот на владината седница на 10 мај лани пишува дека преку владин агент до Стразбур бил поднесен предлог за 16 случаи. Во оваа сума покрај материјалната, е наведена и нематеријална штета и трошоци. 

Од оваа сума , најголемо побарување имаше Каргомакс ДООЕЛ Миладиновци Илинден. Фирмата која увезува автобуси и камиони под брендот Iveco требаше да прифати понудата од 110.205.789 денари за да се повлече од меѓународната тужба. Меѓу останатите компании на кои им се нудело обештетување има голем број осигурителни компании, а таму е и градежниот гигант Гранит на кого требало да му се вратата 12.320.936 денари. Имаше и правни лица кои се анонимни за јавноста како Технокар Сашо ДООЕЛ Скопје со износ од 11.236.771 денари и ЈСАРГО ДООЕЛ Скопје со износ од 12.824.304 денари. 

„Државата на апликантите ќе им исплати вкупно 245.923.616,00 денари или износите наведени подолу соодветно, кои ги покриваат сите побарувања кои се предмет на спогодување по основ на материјална штета, нематеријална штета и трошоци, под услов апликантите да се откажат од било какви дополнителни побарувања од државата или доверителите (државни субјекти) по основ на апликациите или нивните соодветни делови кои се предмет на спогодување, со обврска апликантите по донесувањето на одлуката на Европскиот суд за човекови права врз основа на спогодување, а пред исплатата на досудениот износ прифатен за целите на спогодување, да достават доказ за запирање на тековните извршни постапки за побарувањата кои се предмет на спогодување, а со обврска досудениот износ да се намали за сите евентуални износи наплатени од доверителите во меѓувреме, а до денот на запирањето на извршните постапки“, пишуваше во владиниот записник.

Во записникот стои дека Европскиот суд за човекови права бил известен дека дополнителна спогодба треба да има и за предмети поврзани со АД Бетон Скопје, Специјал Продукт ДООЕЛ Скопје и Евроинс Осигурување АД Скопје на начин што апликантите ќе ги повлечат апликациите пред Стразбур. Во третиот дел од записникот се вели дека Владата не прифаќа спогодбено решевање на други четири предмети поврзани со АД Бетон, Пуцко Петрол и две осигурителни компании.

Рокот за решавање на споровите со овие фирми истекол на 15 мај лани. „Фактор“ до службата за односи со јавност на Владата поднесе барање за подетално објаснување  на предлог-одлука донесена на 153 седница, но од таму не добивме одговор. Единственото неформално објаснување беше дека станува збор за затворена седница на која не присуствувале службите за јавно информирање.

Останува неодговорено по кои основи Владата е тужена од 16 економски оператори-апликанти пред Европскиот суд за човекови прав, за чие спогодување Владата донела предлог да им се исплатат вкупно 4 милиони евра, колкави се нематеријалните трошоци, колкумина оператори ја прифатиле понудената сума и колку средства до сега се исплатени по оваа предлог-одлука.

Освен „Каргомакс“, не е познато дали обештетувањата им се исплатени на другите фирми. На платформата „Отворени финансии“ нема податок за евентуален трансфер кон други претпријатија. Од она што може да се види за „Каргомакс“ на „Јавни набавки“ е тоа дека најголем тендер што го добил во последните години е договорот за теренски возила за РЕК Битола од околу 650.000 евра.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА

29/09/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45857
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА Тој е пиун на омразениот

29/09/2026

Го разбираме стравот на Венко Филипче дека постои опасност да биде променет во неговата партија, тоа е страв кој е

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy