
ЗА ЗАШТИТА НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Се замрзнува цената на дел од основните производи
Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска изјави дека се ограничуваат маржите на над 1.000 производи. Опфатени ќе бидат млекото, брашното, јајцата, киселото млеко и други. Ограничени маржи ќе има и за свежото овошје и зеленчук, но и на средствата за лична хигиена.
Се утврдуваат и највисоки цени на осум групи на производи. Највисоки цени се оние кои се применувале на 1 февруари.
„Нашите очекувања се дека со овие две одлуки, цените ќе се намалат во просек за 10 отсто“, рече Ристески.
Тој се надева дека ова ќе помогне за заштита на стандардот на граѓаните и за празниците Рамазан и Велигден. Ќе има контроли, а казните се и до 20.000 евра.

