Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: 80 години Оддел за заштита на определени личности и објекти, заради нив сме посилни и како држава и како општество
Македонија

Тошковски: 80 години Оддел за заштита на определени личности и објекти, заради нив сме посилни и како држава и како општество

18/02/2025

AA

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Музејот на македонската борба за самостојност присуствуваше и се обрати на јубилејот 80 години од формирањето на Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на Бирото за јавна беабедност при МВР.

Тошковски потенцираше дека одделот ги влече своите корени од АСНОМ-ска Македонија кога со повелба е конституиран во 1945 година а припадниците на одделот ги преку својата професионалност, будност, сила и неуморност секојдневно се грижат за безбедноста на определени личности, објекти како и заштита на критичната инфраструктура неопходна за функционирање на општеството.

„Припадниците на Одделот, од самото свое основање, до денес, биле и ќе бидат на првата линија на одбраната против сите форми на закани, следејќи ги сите европски и светски стандарди и можам да кажам дека имам само гордост за нивото на професионалност, одговорност, посветеност и интегритет кои постојано ги покажуваат во службата кон  министерството и државата.“, истакна министерот Тошковски.

Тошковски споменувајќи ги резултатите на работата на Одделот за заштита на определени личнисти и објекти нагласи дека само оваа година одделот има извршено обезбедување на 108 делегации  и 47 меѓународни и домашни манифестации за чија беспрекорна организација МВР добива честитки од меѓународните партнери и пријатели.

„Заради вас и ние сме посилни, и како држава и како општество. Преку врвната обука, прифатените високи стандарди на работа, постојаниот фокус и на најситните детали, вие сте нашиот тивок, невидлив, а непробоен штит и заштитник на македонското општество. Вие сте хероите кои работат од сенка, и како што вели и вашето мото СЕКОГАШ БУДНИ, го чувате дел од мирот и безбедноста на сите нас.“, потенцираше министерот Тошковски.

На манифестацијата беше презентирано новото лого на одделот со лав во средишниот дел кој традиционално е симбол на заштита и моќ со храброст, сила и одлучност и беа доделени  плакети на пријателите и соработниците на одделот.
На крајот на манифестацијата беше изведена показна вежба од страна на припадниците на Одделот за заштита на определени личности и објекти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи

31/08/2026
Македонија

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026
Македонија

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за

31/08/2026
Македонија

7 активни пожари низ Македонија

31/08/2026
Македонија

Нови сведоштва на судењето за серијата убиства во Старо Нагоричане

31/08/2026
Македонија

26 подрачни училишта привремено затворени поради недостиг на ученици

31/08/2026
Македонија

Небанкарскиот финансиски сектор порасна за 22,1 отсто за една година

31/08/2026
Македонија

Од утре стартува „Градски воз“: Зелениково и Скопје добиваат нова

31/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45355
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи законски решенија за помош

31/08/2026

СДСМ ќе предложи конкретни мерки за проблемите со кои земјоделците се соочуваат, како што најавивме за лозарите, но и за

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026

Од 1 септември 2026 година повторно ќе биде достапна железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за економски раст

31/08/2026

Екс градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека е избрана за член на G20 United States B20 2026 Economic Growth

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy