Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шуга во Куманово, епидемиолозите велат нема простор за паника!
Македонија

Шуга во Куманово, епидемиолозите велат нема простор за паника!

18/02/2025

AA

Во Куманово е потврден еден случај на шуга кај ученик од ОУ „Кирил и Методиј“ во село Романовце, соопштија од Центарот за јавно здравје. Според здравствените власти, нема простор за паника, бидејќи во училиштето се преземени сите мерки за дезинфекција.

Епидемиолозите извршија увид на терен и препорачаа изолација и третман на заразениот ученик, како и превентивни мерки за неговото семејство. Просториите на училиштето се дезинфицирани, а доставени се и дополнителни средства за хигиена.

Според Институтот за јавно здравје, минатата година биле регистрирани 493 случаи на шуга, што е значителен пораст во однос на 2023 година, кога имало 337 заболени. Најмногу случаи имало во Скопје, Куманово и Гостивар.

Шугата предизвикува силно чешање, особено ноќе, и кожни промени, најчесто меѓу прстите, на стапалата и стомакот. Болеста се пренесува преку директен контакт, па лекарите препорачуваат редовно одржување на хигиената, перење на облеката на висока температура и избегнување близок контакт со заразени лица.

Лекувањето вклучува специјални кремови или орална терапија. За целосно елиминирање на паразитот, важно е сите членови на семејството да бидат третирани истовремено.

Институтот за јавно здравје апелира на внимателност, но и на смиреност – со правилна превенција и третман, ширењето на шугата може да се стави под контрола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи

31/08/2026
Македонија

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026
Македонија

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за

31/08/2026
Македонија

7 активни пожари низ Македонија

31/08/2026
Македонија

Нови сведоштва на судењето за серијата убиства во Старо Нагоричане

31/08/2026
Македонија

26 подрачни училишта привремено затворени поради недостиг на ученици

31/08/2026
Македонија

Небанкарскиот финансиски сектор порасна за 22,1 отсто за една година

31/08/2026
Македонија

Од утре стартува „Градски воз“: Зелениково и Скопје добиваат нова

31/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45355
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи законски решенија за помош

31/08/2026

СДСМ ќе предложи конкретни мерки за проблемите со кои земјоделците се соочуваат, како што најавивме за лозарите, но и за

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026

Од 1 септември 2026 година повторно ќе биде достапна железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за економски раст

31/08/2026

Екс градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека е избрана за член на G20 United States B20 2026 Economic Growth

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy