Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За што ќе одговара сопругот на починатата Ивана?
Македонија

За што ќе одговара сопругот на починатата Ивана?

03/03/2026

AA

Трагедијата што вчера го потресе Скопје отвори сериозни прашања за институционалното постапување во случаи на семејно насилство. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изнесе нови детали за настанот во кој Ивана и нејзиното шестгодишно дете го загубија животот скокајќи од тераса на зграда во Карпош.

Според министерот, истиот ден околу 12 часот се случил физички напад, за кој, како што рече, постои видеозапис на кој се гледа како сопругот ја удира жртвата. Подоцна, по интервенцијата на полицијата, жената потпишала изјава во која навела дека немало физички контакт, туку недоразбирање, дека не бара понатамошна постапка и дека брачните односи ќе ги решава преку развод.

Тошковски посочи дека ќе се утврдува дали таквата изјава била дадена под страв, притисок или закани. Тој информираше дека сопругот, Стојанче Јовановски, по трагедијата е осомничен за наведување на самоубиство, нанесување тешки телесни повреди и загрозување на сигурноста.

На новинарско прашање дали полицијата постапила соодветно, министерот рече дека не тврди оти сè било спроведено „100 проценти перфектно“ и дека ќе се анализираат сите аспекти на случајот. Тој повеќепати нагласи дека со новите законски измени полицијата има пошироки овластувања да постапува по службена должност, особено кога се констатираат видливи телесни повреди.

„Во такви случаи, жртвата нема да може да го повлече предметот, а Министерството ќе мора да продолжи со постапката“, рече Тошковски, додавајќи дека и потенцијалните сторители и жртвите ќе бидат повикувани на информативни разговори согласно Законот за полиција.

Тој предупреди дека кога жртвата се повлекува од пријавата, институциите се соочуваат со сериозни предизвици во докажувањето на делото, поради што е потребна координирана вклученост на центрите за социјална работа и другите надлежни институции, како и поголема јавна свест за пријавување на семејното насилство.

По полициската интервенција и потпишувањето на изјавата, жената се упатила кон станот на улицата „Теодосиј Гологанов“ во Карпош. Подоцна се случила трагедијата. Во моментот на настанот, сопругот не бил во станот.

Министерот наведе дека во изминатите две години против Јовановски имало десет кривични пријави поврзани со имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога, како и дека му биле изречени мерки на претпазливост. Во 2025 и 2026 година биле евидентирани повеќе пријави за нарушени односи меѓу сопружниците, но оштетената се повлекувала од пријавите.

Во меѓувреме, Министерство за социјална политика, демографија и млади соопшти дека е извршен вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи Скопје за утврдување на фактичката состојба и начинот на постапување.

Според првичните информации, починатата и нејзиниот сопруг за првпат биле евидентирани во Центарот на 7 октомври 2025 година по барање на Основниот граѓански суд во постапка за развод. Допис од Министерството за внатрешни работи во врска со пријавено насилство бил примен на 2 февруари 2026 година и се однесувал на настан од 19 декември 2025 година.

Инспекцискиот надзор е во тек, а по неговото завршување надлежните најавуваат транспарентно информирање на јавноста за наодите и евентуалните понатамошни мерки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
Македонија

СЕДМИЦАТА ЌЕ БИДЕ СВЕЖА, ЌЕ ПОЧНЕ СО ДОЖДОВИ Ветрот локално

20/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ АГИНО СЕЛО, ДВАЈЦА ЗАГИНАА ВО НЕСРЕЌА Возач на

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45692
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина во Словенија, момчето е тешко

20/09/2026

Седумгодишно момче тешко се повредило откако паднало во кањон кај водопадот Савица во Бохињ, а неговиот 44-годишен татко, откако ги

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет за две години работа во

20/09/2026

Две години работа, две години резултати, една љубов – Македонија. Со ова мото Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy