
За сѐ што истрпеа и преживеаа, Вардарци заслужија дочек како – шампиони! (ФОТО)
Вардар го победи Скопје со 3-0, го одигра најдобриот меч кога беше најпотребно, за да го направи невозможното – возможно. Зашто веројатно никој бесплатно не би ја ни завршил сезоната, ама новите херои на црвенк-црно Скопје, ги турнаа сите проблеми и маки од немањето пари до немањето терен за игра, за да изгинат за дресот и за своја душа да ја завршат сезоната.
Од Филип Гачевски, преку Дарко Глишиќ, Ненад Мишковски, Филип Јаневски, до Дарио Десниќ и Владимир Жоглев, без да се заборави и капитенот и лидер Дарко Мицевски кој не можеше да помогне поради потешка повреда, па се до сите младинци кои се ставија во фунција за подвигот наречен Прва лига вечерва заслужија дочек како да се шампиони.
Плоштадот Македонија гореше, а истовремено одекнуваше комитка песна за успехот во кој ретко кој веруваше.




