Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА НАБАВКА НА ТЕРМИНАЛИТЕ БИЛЕ ПЛАТЕНИ 9,69 МИЛИОНИ ЕВРА На рочиште за „Лотарија на Македонија“ сведочеше економски вештак
Македонија

ЗА НАБАВКА НА ТЕРМИНАЛИТЕ БИЛЕ ПЛАТЕНИ 9,69 МИЛИОНИ ЕВРА На рочиште за „Лотарија на Македонија“ сведочеше економски вештак

11/11/2026

AA

Со испитување на вештото лице д-р Анита Поповска, по професија економист, денеска, во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.

Прашана дали таа целосно останува на изготвениот вешт наод и мислење, Поповска одговори потврдно.

– Предмет на ова вештачење е набавка на видеолотариски терминали за приредување игри на среќа. Постапката е спроведена од страна на „Државна лотарија“, анализата е од нивното планирање, донесувањето одлуки, понудите на економски оператори се разгледани, склучените рамковни спогодби, до реализацијата на одделните договори, испораката на опремата, извршените плаќања – појасни Поповска.

Третиот економски оператор, како што рече, бил избран во постапката за јавна набавка.

– Од расположливата документација, не се утврдени склучени одделни договори, ниту испорака, фактурирање или плаќање – додаде таа.

Одговарајќи на прашање, рече дека вкупно исплатен износ за набавката е 596.125.511 денари.

Адвокатот Асмир Алиспахиќ во изјава за медиумите појасни дека, денеска, во согласност со продолжението и динамиката на рочиштата, беше закажано распит на вешто лице што ги изработило вештиот наод и мислењето по барање на Обвинителството.

– Денеска, и сами бевте сведоци дека се поставија директни прашања што се надвор од содржината на самото вештачење, на кое и одбраната приговараше. Одбраната смета дека со вака поставените прашања, кои излегуваат надвор од наредбата што е издадена и одговорите што се дадени во самиот вешт наод и мислење, ова претставува всушност прашања што би требало да бидат поставени за некое друго вештачење, а не за ова – рече тој.

Прашан дали има нешто спорно во вештачењето и што е спорно според него, рече дека и вештото лице дава динамика, почеток, начин, дека според одбраната сè е во ред за постапката, јавните набавки и за исплатата на тие парични средства.

Прашан дали тоа значи дека вештачењето не е на штета на обвинетите, рече дека тоа ќе се утврди во понатамошниот дел од постапката.

– Сакам да ви укажам дека денеска поставените прашања од страна на предлагачите на вештиот наод и мислење и лицето што го изработило вештиот наод и мислење, излегуваа надвор од веќе дадените прашања што беа поставени во самата наредба и изготвеното вештачење од страна на вештото лице. Затоа и беа реакциите и затоа и беа приговорите. Но, ете, заради контекст на целиот предмет, беа дозволени одговорите, видовте дека се содржат одговори што се надвор од самото вештачење – истакна тој.

Со следење на главните расправи, рече, ќе се види за понатамошниот дел и нивните ставови за директните и вкрстените прашања за ова вештачење како и другите вештачења што ќе бидат предмет на оваа расправа.

Прашан дали има информација зошто не дојде актуелниот директор на „Лотарија“, адвокатот рече дека во согласност со динамиката, смета оти денеска беше закажано од страна на Основниот кривичен суд испитување на вештиот наод и мислење, а за следните главни расправи ќе се извести јавноста кога ќе биде сослушан и тој.

Во предметот „Државна лотарија“, покрај Груби и Бајрами, обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски. Според обвинението, со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари. Сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ЗА НАБАВКА НА ТЕРМИНАЛИТЕ БИЛЕ ПЛАТЕНИ 9,69 МИЛИОНИ ЕВРА На

11/11/2026
Македонија

ВНИМАНИЕ, ПАК СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ КАЗНИ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Полицијата

11/11/2026
Македонија

СЕ ОБИДУВАЛА ДА ЗАПАЛИ ОГАН СО БЕНЗИН, ПА СЕ ЗАПАЛИЛА

11/11/2026
Македонија

ИЗБЕГНАЛЕ ДАНОК ОД НАД 377.000 ЕВРА Подигале пари од фирма,

11/11/2026
Македонија

📷 СИЉАНОВСКА НА ВЕЧЕРА ВО ЕЛИСЕЈСКАТА ПАЛАТА Макрон и Брижит

11/11/2026
Македонија

ВЕШТАЧЕЊЕТО НАРАЧАНО ОД ОДБРАНАТА НА ГАЗДА ДЕКО Е „ИНЖЕНЕРСКА АЛХЕМИЈА“,

11/11/2026
Македонија

НАРОДНАТА БАНКА ПОДНЕЛА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ФИЛИПЧЕ И ПРОТИВ ЖЕРНОВСКИ

11/11/2026
Македонија

УБЕДЛИВО ВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ОКТОМВРИСКИТЕ АНКЕТИ Власта има доверба

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46725
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВНИМАНИЕ, ПАК СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ КАЗНИ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Полицијата открива како да ги препознаете

11/11/2026

Граѓаните повторно добиваат лажни пораки за сообраќајни казни од системот „Безбеден град“, преку кои измамници се обидуваат да дојдат до

СЕ ОБИДУВАЛА ДА ЗАПАЛИ ОГАН СО БЕНЗИН, ПА СЕ ЗАПАЛИЛА САМАТА Тешко повредена жена во

11/11/2026

Триесет и двегодишна скопјанка се здобила со тешки изгореници додека се обидувала да запали оган со бензин во скопското село

ИЗБЕГНАЛЕ ДАНОК ОД НАД 377.000 ЕВРА Подигале пари од фирма, не пријавувале позајмици и присвоиле

11/11/2026

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против две физички лица, од кои едното е сопственик и управител на правно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy