НАРОДНАТА БАНКА ПОДНЕЛА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ФИЛИПЧЕ И ПРОТИВ ЖЕРНОВСКИ Пријавите се поврзани со случувањата со „Алта банка“ АД Битола
Народната банка и гувернерот Трајко Славески поднеле кривична пријава против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и против генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, во врска со случувањата со Алта Банка АД Битола.
Посебна кривична пријава е поднесена против секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски.
Засега нема повеќе детали за тоа што точно има во кривичните пријави.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно го повика Јавното обвинителство да реагира по, како што рече, обидите за ширење паника во случајот со „Алта банка“ АД Битола.
.
Извор: plusinfo.mk