📷 СИЉАНОВСКА НА ВЕЧЕРА ВО ЕЛИСЕЈСКАТА ПАЛАТА Макрон и Брижит ја пречекаа македонската претседателка
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова синоќа присуствувала на свечена вечера во Елисејската палата, приредена од францускиот претседател Емануел Макрон во чест на шефовите на држави и влади кои учествуваат на Парискиот мировен форум.
Сиљановска Давкова, која престојува во Франција по повод Форумот, за вечерата се пофали и на социјалните мрежи.
„Со задоволство вчеравечер, во Елисејската палата, присуствував на свечената вечера што во чест на шефовите на држави и влади ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, кој е иницијатор на Парискиот мировен форум“, напиша претседателката на Фејсбук.
Таа посочи дека разговорите од Форумот продолжиле во пријателска атмосфера, а меѓу темите за кои се разговарало ги издвоила мирот и геополитиката, животната средина, новите технологии и иднината на Европската Унија.
.
Извор: plusinfo.mk