Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА ЛЕБ НЕ СМЕ БИЛЕ СТРАДНИ: Сме изеле дури 191,1 килограм, а сме потрошиле 294 илјади денари
Економија

ЗА ЛЕБ НЕ СМЕ БИЛЕ СТРАДНИ: Сме изеле дури 191,1 килограм, а сме потрошиле 294 илјади денари

31/12/2023

AA

Домаќинствата минатата година над половина од домашниот буџет – 51,5 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб – 191,1 кг и компир – 76,3 кг, додека говедско, телешко и јунешко месо – 19,3 и риба – 18,3 килограми. Најмногу се пиеле безалкохолни пијалаци – 170,4 литри и млеко – 88,2 литри. 

Над десет проценти од семејниот буџет на домаќинствата одел за режиски трошоци, додека за сообраќај трошеле по околу 16 илјади денар или 5,5 отсто, што е повеќе од тоа што домаќинствата трошеле за здравје, рекреација, култура и образование заедно, покажува Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија за 2023 на Државниот завод за статистика.

Во просек секое семејство во 2022 година потрошило 294 117 денари или 4 782 евра. Од нив, најголемиот дел или 96,7 проценти се за лична потрошувачка, додека околу 1,6 отсто или 4 740 денари за штедење, по 2 892 денари или 1 процент за отплата на кредити и заеми и 0,2 отсто или по 580 денари секое семејство трошело како издатоци за стан, куќа и имот.  

Над половина од семејниот буџет во 2022 година одел за храна и безалкохолни пијалаци, односно по околу 151 560 денари.    

За храна домаќинствата во просек најмногу трошеле за месо – 32 689 денари, потоа за млеко, млечни производи и јајца – 28 850  денари, за производи од жито – 24 453  денари, за зеленчук – 19 027 денари, за овошје – 8 401 денари, за масло и маснотии – 7 111 денари, за шеќер и чоколади – 6 597 денари, други прехранбени производи – 5 580 денари и најмалку за риба – 4 396 денари.

Најмногу се јадело леб – 191 килограм и компир – 76,3 килограми. Во просек на семејната трпеза имало по околу 25 килограми – тестенини и ориз, млеко – 88,2 литри, сирење – 36,3 килограми, 580 јајца, но и чоколади и кекси – 21,5 килограми и шеќер – 25,2 килограми.  

Од зеленчук во просек се јадело по 31,8 килограми зелка, 30,2 килограми домати, 29,3 килограми пипер и 17,5 килограми краставици.  Грав – 18,4 килограми, а грашок и боранија 0,7 килограми.  

Од овошје најмногу се јадело јужно – 64,2 килограми, потоа јаболка – 37,2 килограми и бостан – 25,6 килограми. Грозје – 6,9 килограми, праски и кајсии – 6,6 килограми, круши – 3,1 килограм и цреши и вишни – 1,4 килограми.

Од месо најмногу на домашната трпеза имало живина – 43,8 килограми, потоа свинско – 23,4 килограми, говедско, телешко и јунешко – 19,3 килограми и овчо и јагнешко – 1,2 килограми. Свежа и замрзната риба домаќинствата во просек изеле по 18,3 килограми, а преработки од риба – 2,6 килограми.

За пијалаци и тутун, најголем дел од домашниот буџет одел за тутун – 11 850 денари, потоа за  кафе, чај и какао по 4 593 денари, додека за безалкохолни и алкохолни пијалаци се трошеле исто, по 3 447 денари.

Најмногу се пиеле безалкохолни пијалаци – 170,4 литри, а кафе и какао – 8,6 килограми. Од алкохол најмногу пиво – 30 литри, вино – 3,8 литри и жестоки пијалаци – 2 литри.

За облека и обувки 12 320 денари или 4,2 проценти, додека за покуќнина, опрема за куќа и одржување 11 591 денари или 3,9 отсто.  

Од семејниот буџет за облека и обувки домаќинствата за облека трошеле по 7 222 денари, додека за обувки (вклучувајќи ги поправките) 5 097 денари.

За лична хигиена во просек домаќинствата трошеле по 14 961 денар.

Најголем дел од семејниот буџет за покуќнина и мебел, се трошел за производи и услуги за одржување на станот – 8 186 денари, потоа за мебел и покривки за под и одржување – 1 008 денари, за садови и прибор – 745 денари, за текстил за домаќинство – 719 денари, за апарати за домаќинство и поправка – 631 и за алати за куќа и градина – 301 денар.

Втора најголема ставка во семејниот буџет или над 10 проценти, домаќинствата трошеле за станарина, вода, електрична енергија, гас и други горива, за што во просек одвојувале по 31 486 денари и трета е сообраќајот со 5,5 проценти или 16 158 денари од домашниот буџет.  

Најголем дел од буџетот за домување, вода, електрика и други горива домаќинствата трошеле за огрев и осветление 25 847 денари, додека за комунално-станбени услуги – 3 218 денари и за одржување и поправки на станот – 1 328 денари.  

Од семејниот буџет за сообраќај, најголем дел се трошел за делови и гориво за сообраќајни средства – 15 250 денари, а за сообраќајни услуги – 907 денари.

Патнички автомобил имале нешто над половина од домаќинствата – 56,5 проценти, велосипед – 37,3, а мотор – 6 проценти.

Во просек по околу 9 450 денари од семејниот буџет се трошеле за здравје и исто толку за ресторани и хотели. За комуникации домаќинствата од семејниот буџет одвојувале во просек по 7 917 денари или 2,7 отсто, за рекреација и култура по 2 053 денари или 0,7 проценти и за образование само 460 денари или 0,2 проценти.  

Од семејниот буџет за здравје, најголем дел бил за лекови и помагала – 7 997 денари, потоа за здравствени услуги – 1 363 денари и за болнички услуги – 66 денари.

За комуникации најмногу се трошеле за телефонски и телеграфски услуги – 7 448 денари и за  телефон и факс-апарати – 468 денари. За поштенски услуги 0 денари.

Мобилен телефон имале 87,8 проценти од домаќинствата, телефон – 23,7 отсто, додека персонален компјутер поврзан на интернет – 48,6 проценти.

Од семејниот буџет за рекреација и култура најголем дел одел за средства за рекреација и опрема за градини и миленици – 892 денари, потоа за услуги за култура и рекреација – 571 денар и за весници и книги по 299 денари, додека за аудиовизуелна, фотографска и информатичка опрема – 291 денар.

Најголем дел од семејниот буџет за ресторани и хотели бил за угостителство – 9 069 денари, додека за услуги за сместување – 387 денари.

Од Државниот завод за статистика посочуваат дека податоците се добиени врз основа на статистичкото истражување „Анкета за потрошувачката на домаќинствата”, спроведено во текот на 2022 година. Изборот на 5.040 домаќинства е извршен преку двоетапен стратифициран примерок, при што во првата етапа е извршен избор на пописни кругови од Пописот на населението во 2021 година, а во втората етапа е извршен избор на домаќинствата за анкетирање.

Просечен број членови на анкетираните домаќинства е 3,06, додека во просек вработени биле 1,03 член. Во просек вкупно расположливите средства по анкетирано домаќинство во 2022 година изнесувале – 473.239 денари или 7.694 евра. Најмногу имале мешовитите домаќинства – 814.592 или 13.245 евра, потоа земјоделските – 683.733 или 11.117 евра, а најмалку неземјоделските 433.352 денари или 7.046 евра годишно. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
Македонија

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44999
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7 лица за „Лотарија“ ќе суди

13/08/2026

Кривичниот суд го прифати поднесеното обвинение за предметот поврзан со Државна лотарија каде обвинет е Артаб Гууби и други 8

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија на обвинителна клупа

13/08/2026

Функцијата генерален секретар на Владата во изминатите повеќе од една деценија добива сè понеславна судска историја. Кирил Божиновски, Драги Рашковски

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши на 23 факултети

13/08/2026

Првиот рок за пријавување на кандидатите за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје е на 18 и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy