Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Нека 2024 биде исполнета со здравје и среќа, нека биде година во која ќе ги оствариме нашите најсмели соништа и цели
Македонија

Спасовски: Нека 2024 биде исполнета со здравје и среќа, нека биде година во која ќе ги оствариме нашите најсмели соништа и цели

31/12/2023

AA

Честитка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод Нова 2024 година

Почитувани сограѓани,

На прагот на Новата 2024 година, ви се обраќам со срце полно надеж за заеднички просперитет, безбедност, сигурна иднина за сите – за нашата држава, Европа и светот.

Во текот на изминатата година, посведочивме на значителен напредок во многу области – заеднички се соочивме со бројни глобални предизвици, и заедно постигнавме значајни успеси.

Република Северна Македонија на безбедносен план е најстабилна во регионот, со врвни резултати во борбата против секаков вид криминал. Како држава во годината што изминува имавме историски можности да покажеме пред светот дека знаеме и умееме да бидеме успешни организатори и домаќини на настани од највисок ранг – како што беше 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ во Охрид и 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје. Го засиливме веќе високо етаблираниот меѓународен кредибилитет на нашата земја и ја потврдивме посветеноста кон мирот, стабилноста и развојот.

Тоа е особено важно во времиња во кои разорната сила на војната, моќта на дезинформациите, организираниот криминал и корупцијата имаат моќ да уништуваат животи на милиони граѓани, развиени економии и стабилни општества. Бидејќи криминалот не разликува ни држава, ни граници, ниту пак прави разлика меѓу нации,  раси или религии. Затоа безбедноста на секој еден е важна!

Во 2024 година, на прагот на новите надежи и цели, силно посакувам нашата заедничка цел да биде зајакнување на нашето единство за да работиме уште понапорно за обезбедување на мир, стабилност и благосостојба за сите граѓани. Нашата посветеност кон сигурноста и правичноста, борбата против криминалот и корупцијата, унапредувањето на транспарентноста и човековите права, да биде уште поизразена за секој граѓанин да се чувствува вреден и заштитен. И, најважно од сѐ, да бидеме посветени во воведувањето на европските вредности во македонското општество.
Бидејќи, само така можеме со сигурен чекор да влеземе во нова, поубава, посреќна и просперитетна година, со заедничка визија и решителност кон нашата цел – интеграција во Европската Унија. Ова е патот којшто ги олицетворува нашите стремежи кон демократија, мир, стабилност и просперитет. Нашиот напредок кон европските стандарди и вредности е неспорен, а нашата одлучност да продолжиме по овој пат е непоколеблива.

Да бидеме горди на нашето културно и историско наследство, на македонската култура, македонскиот јазик, заштитениот македонски идентитет пред големото европското семејство, но и пред целиот свет! Притоа, сите заедно, градејќи го заедничкото европско општество во кое секоја разлика е ценета и почитувана, да ги овозможиме напредокот и благосостојбата на сегашните и идните генерации.

Драги сограѓани,

Во овие претпразнични денови, нека светлината на надежта и радоста го огрее секој дом и  секое срце. Ја испраќаме старата година со благодарност за сите лекции што ни ги приреди и сите успеси со кои нѐ благослови, а ја дочекуваме новата со отворено срце и ум, исполнети со надеж за подобро утре.

Нека 2024 биде исполнета со здравје и среќа, нека биде година во која ќе ги оствариме нашите најсмели соништа и цели.

Со најискрени желби за мир, љубов и хармонија, ви посакувам среќна Нова година!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ СИ ГО ЗАПАЛИЛ СТАНОТ, ОСУМ ЛИЦА ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА

26/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРВА ГО ЗАВРШИ ТЕХНИЧКИОТ ДИЈАЛОГ ЗА РОАМИНГОТ Мицкоски најави

26/11/2026
Македонија

📽️ ЗАЕВ СЕ ПОЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ПОЈАВИ Да се знае

26/11/2026
Македонија

КРИВИЧНИ ЗА ДИРЕКТОРОТ НА ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ШУМАРСТВО И ЛОВСТВО И

26/11/2026
Македонија

ПОПУСТИ ОД 5 ДО 50% ЗА СТУДЕНТИТЕ Апликацијата што ја

26/11/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИК ИМАЛ ПОЛОВИ ОДНОСИ СО ВОЗРАСНИ ЛИЦА ВО СТАН Случајот

26/11/2026
Македонија

ЌЕ ТРЕБА ДА ГО ПРИФАТИТЕ МИСЛЕЊЕТО ОД ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Мицкоски

26/11/2026
Македонија

ОХРИД И СТРУГА ПОД ЗАСИЛЕНИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ГОСТИ

26/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46946
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОХРИЃАНЕЦ СИ ГО ЗАПАЛИЛ СТАНОТ, ОСУМ ЛИЦА ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА Приведен 55-годишен маж кој се

26/11/2026

Педесет и петгодишен охриѓанец е приведен под сомнение дека предизвикал пожар во својот стан на улицата Гоце Делчев во Охрид.

МАКЕДОНИЈА ПРВА ГО ЗАВРШИ ТЕХНИЧКИОТ ДИЈАЛОГ ЗА РОАМИНГОТ Мицкоски најави и нови пари од ЕУ

26/11/2026

Остануваме посветени на нашата задача за испорачување на сите потребни реформи и сето она коешто се бара од нас за

📽️ ЗАЕВ СЕ ПОЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ПОЈАВИ Да се знае кој е газда во СДСМ

26/11/2026

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев се појави во јавноста во друштво на актуелниот претседател на партијата Венко

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy