Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА – еве колку е чистиот профит за три месеци
Економија

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА – еве колку е чистиот профит за три месеци

16/05/2024

AA

Дека македонското
вино е врвно е одамна познат факт, а се повеќе во тоа се уверуваат и пребирливите
странски купувачи.

За нив е тука
„Тиквеш“, компанија која од период во период се повеќе ги зголемува своите
продажби на странските пазари, а за тоа говорат и нејзините финансиски извештаи.

Најголемата и
најуспешната винарска визба во земјава го објави Билансот на успех за првиот
квартал од годинава, а тој говори дека само за три месеци нејзиното работење
резултирало со чист профит од 554 илјади евра, што е раст од фантастични 89
отсто во однос на истиот период од минатата година.

Во првото тримесечје
од годинава вино пиеле и Македонците, а уште повеќе странците. И не жалеле пари
за добра и квалитетна винска голтка.

Тоа го потврдува
фактот што на име на приходи од продажбата само за период од првите три месеци
од годинава „Тиквеш“ има инкасирано прилив од дури 12,54 милиони евра, што е за
19 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година.

А, од овие пари
помал дел отпаѓа на домашниот, а поголем на странскиот пазар. Или, од продажба
од домашниот пазар се наплатени приходи од 5,32 милиони евра, што е одлична
сума која говори за пораст од 11 проценти во одбнос на истиот период од
минатата година.

Затоа, пак,
странските купувачи на „Тиквеш“ во првиот квартал му платиле дури 7,22 милиони
евра за вината на таа компанија, а што е зголемување на приходите од продажба
на странскиот пазар за дури 25 проценти. Значи, колку повеќе странците го
вкусуваат ова вино, толку се зголемува и нивната жед за тој вински производ.

Пораст има и кај
трошоците од продажба на производи и услуги, но тој бил помал од растот на
приходната страна. Или, оваа ставка во првиот квартал достигнала 7,21 милиони
евра, што означува зголемување за 11 проценти.

Сето ова прави
ова акционерско друштво да ја заврши годината со бруто добивка од 5,33 милиони
евра, што е зголемување за 30 отсто во однос на минатата година.

Латени се
административни трошоци од 860 илјади евра, како и трошоци за продажба и
маркетинг, на сума од 1,1 милиони евра, а направени се и други трошоци, но и
вредносни усогласувања на нетековни и тековни средства, што на крајот доведува
до оперативна добивка од 832 илјади евра. Тоа говори за раст од 76 отсто во
однос на истиот период од минатата година, а што го покажува всушност растот на
основниот бизнис на компанијата.

Акционерското
друштво „Тиквеш“ во првиот квартал од годинава имало финансиски расходи од 141
илјади евра и тоа е раст за 40 отсто, а откако се платени тие, но и данокот на
добивка кон државата од 10 отсто, на компанијата и останал чист профит од 554
илјади евра за само три месеци. Што е речиси двојно зголемување, или пораст од
89 отсто во однос на истиот период од минатата година. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy