Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА 12 ЧАСА СНИМЕНИ НЕВЕРОЈАТНИ 65.000 ПРЕКРШОЦИ На црвено светло поминале 2.800 возила
Македонија

ЗА 12 ЧАСА СНИМЕНИ НЕВЕРОЈАТНИ 65.000 ПРЕКРШОЦИ На црвено светло поминале 2.800 возила

01/12/2025

AA

Во првите 12 часа забележани се неверојатни 65.000 прекршоци преку системот „Безбеден град“ (Safe City), соопшти министерот за бнатрешни работи Панче Тошковски.

– Со овој проект започнуваме нова етапа во унапредувањето на сообраќајната безбедност – сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат електронско известување за сторениот прекршок, документиран со современи технички средства и уреди за снимање. Нашата цел е јасна: повеќе безбедност, помалку прекршоци и нулта толеранција за несовесно возење, без разлика дали се работи за урбана зона или пат надвор од населено место – рече Тошковски.

Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот се регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2.800 и за нерегистрирано возило 1.000.

– Оваа алармантна бројка уште еднаш ја потврдува неопходноста и оправданоста на системот, од кој очекуваме значително подобрување на сообраќајната култура, зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот и намалување на штетите и жртвите на патиштата. Со „Безбеден град“ обезбедуваме подобра дисциплина во сообраќајот, транспарентни процедури и брза електронска комуникација со граѓаните. Овој систем е инвестиција во спасени животи и побезбедни улици за сите – додава тој.

Министерот порача дека посветено се продолжува со модернизација на процесите и унапредување на квалитетот на работата на МВР.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шпанија оживува рудник затворен 40 години – нови инвестиции, локални

27/07/2026
Македонија

Притвор за струмичанец осомничен дека подметнал пожари на трактор и

27/07/2026
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44679
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шпанија оживува рудник затворен 40 години – нови инвестиции, локални вработувања и развој на регионот

27/07/2026

Шпанија е чекор поблиску до повторно активирање на рудникот „Пенута“, кој повеќе од четири децении беше надвор од употреба. Со

Притвор за струмичанец осомничен дека подметнал пожари на трактор и автомобил

27/07/2026

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против 41-годишен жител на Струмица, кој е осомничен дека предизвикал пожари на трактор и патничко

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy