Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вучиќ се закани на косовските власти: Немојте ни да сонувате дека ќе ги протерате или уништите Србите
Регион

Вучиќ се закани на косовските власти: Немојте ни да сонувате дека ќе ги протерате или уништите Србите

28/04/2023

AA

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска им се закани на косовските власти. 

Тој на властите во Приштина им порача да „не сонуваат“ дека ќе успеат во своите намери, како што рече, да ги протераат или уништат Србите во кој било дел на Косово.

„Во тој случај ќе знаеме што ни е работата“, рече тој. 

Вучиќ оцени дека зад одлуката на Владата на Косово да го отвори мостот на Ибар во Косовска Митровица стои намерата на косовскиот премиер Албин Курти да ги „протера Србите од северот на Косово“.

„Денеска окупаторскиот гаулајтер на северот на Косово и Метохија, Албин Курти, донесе одлука, само неколку дена по тие срамни, лажни избори, да го отвори мостот кој беше брана и чувар на интересите на нашиот народ во северно од Косово и Метохија, Албанците од јужниот дел да не ја заземат Северна Митровица, тоа е нивна долгогодишна идеја, сакаат конфликти по секоја цена и да ги протераат Србите“, изјави Вучиќ.

Тој рече дека Србија ќе стори „сѐ што е во нејзина моќ“ за да го зачува мирот, но дека нема да дозволи протерување на Србите од Косово.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, коментирајќи ја одлуката на советниците Албанци во Собранието на Северна Митровица за отворање на мостот на Ибар, оцени дека „окупацискиот Галејтер Албин Курти денеска недвосмислено покажа дека сака и сонува за војна и да го доведе целиот север на Косово и Метохија во конфликти“. Инаку, откако Албин Курти е премиер на Косово имало најмалку 300 напади на косовските Срби. 

фото принтскрин пинк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy