Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВУЧИЌ: Се обидуваат да ја испровоцираат Србија да направи нешто за што би требало да интервенира НАТО
Регион

ВУЧИЌ: Се обидуваат да ја испровоцираат Србија да направи нешто за што би требало да интервенира НАТО

12/07/2024

AA

Србија реагира по повод вчерашните настани и одбележување на годишница од геноцидот во Сребреница. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ на школска табла со креда напиша пет точки кои, според него, се закани за Србија кои се упатени со комеморацијата на геноцидот во Сребреница. Како што додаде, наместо тоа да биде можност за зборови на помирување и почит кон жртвите, граѓаните на Србија, српскиот народ и Република Српска беа изложени на навреди и на најдиректни закани.

„Се обидуваат да ја испровоцираат Србија да направи нешто за што би требало да интервенира НАТО, вчера имаше недвосмислен повик за конфликт, а десетпати спомнувањето на наводната големосрпска политика е јасно таргетирање, а целта е уништување на Србија“, изјави Вучиќ.

Тој рече дека Србија нема да падне на провокациите кои доаѓаат од Босна и Херцеговина(БиХ), ниту ќе војува со Бошњаците.

„Ние не сакаме да војуваме против Бошњаците. А тоа е мојата порака и на Бошњаците во Србија и на Бошњаците во Босна и Херцеговина“, нагласи Вучиќ.

Вучиќ смета дека наместо да се разговара со Србија секогаш се повикува на меѓународни набљудувачи. Според него, моралното осакатување се врши „преку историски ревизионизам, додека туѓите злосторства не смеат да се повторат, преку обвинувања дека Србија е „руски агент“, обвинувања дека Србија сака војна, преку „недостиг на демократија“ каде Србија треба да се прикаже како антизападна и делата да бидат преземени против нашата земја“. Спомена економско слабеење, медиумска агресија, желба за конфликт. 

Вчера беше одбележан 11 Јули – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот од Сребреница. Пред 29 години во Сребреница се убиени над 8.000 бошњачки мажи. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy