Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вучиќ: Се наоѓаме на крстопат, дали и понатаму ќе имаме мир или не?
Регион

Вучиќ: Се наоѓаме на крстопат, дали и понатаму ќе имаме мир или не?

14/06/2023

AA

Се плашам дека го преминавме Рубикон, Курти по секоја цена сака да предизвика војна, вели српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Говорејќи за денешното апсење на тројца вооружени припадници на косовската полиција, Вучиќ презентираше два доказа според кои „косовските полицајци се уапсени на 1,8 километри длабоко на територијата на Србија“. Вели  дека има доказ „дека тие не побарале дозвола, ниту го информирале КФОР да одат на административната граница, како што е досегашното правило“.

„Се наоѓаме на крстопат. Дали и понатаму ќе имаме мир или не, бидејќи Курти сака по секоја цена да предизвика војна, се плашам дека го преминавме Рубикон и дека тешко ќе се вратиме во реалноста“, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ во гостувањето на дневникот на РТС, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој потсети на бројни апсења и на шест повредени Срби во Косово, оценувајќи дека „целата криза започнала оној момент кога некој одлучил да се оди на избори за кои се знае дека се целосно нелегитимни.“

„Се води истрага. Тие не биле тепани, ниту малтретирани, ниту обезличени, што им се случува на Србите кога ќе бидат уапсени од полицијата на Курти. При апсењето било земено предвид и нивното достоинство“, рече Вучиќ.

Инаку, Косово тврди дека овие нивни специјалци се киднапирани. Тие бараат реакција од меѓународната заедница. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy