Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вучиќ: Политиката на создавање Голема Албанија е процес кој ќе продолжи
Регион

Вучиќ: Политиката на создавање Голема Албанија е процес кој ќе продолжи

18/08/2023

AA

Курти нема да сопре со политиката на Голема Албанија, вели српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Вучиќ кажа дека има многу насилство над Србите кое не е процесуирано и додаде дека никој не сака да ги решава тие проблеми.

„Политиката на создавање Голема Албанија е процес кој ќе продолжи. Курти нема да сопре тука, дури и ако му се спротивстават. Кој мисли дека ќе ги убедат во Брисел дека нема да биде наследник на Енвер Хоџа се излажал. Тој ќе продолжи со таа политика“, кажа српскиот претседател.

Тој праша зошто молчи Западот.

„Нив не ги интересира приказната за Голема Албанија, за нив тоа е во ред“, додаде Вучиќ. 

Вели дека сакаат да ја примораат Србија да ја смени политиката и да ѝ воведе санкции на Русија, оценувајќи дека Белград поради тоа ќе трпи голем притисок, најголем до сега.

„Очекувам бројни проблеми на тоа поле, бидејќи гледате дека Русија не можете да ја победите, а не мислам ни дека Русија може да победи… јасно е тоа. Сега (Западот) мора да го зацврсти фронтот против Русија“, рече Вучиќ.

Србија, според него, сепак ќе продолжи да води одговорна политика.

Косовската претседателка Вјоса Османи вели дека оставките на тројцата припадници на косовската полиција од српска националност се директна последица на постојаните закани и заплашувања од страна на Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Тие вчера се повлекоа. 

Инаку, косовскиот премиер Албин Курти во петокот беше во Чаир и Тетово, а во Тетово порача Македонија да се држи до Косово и Бугарија, а не до Србија. 

На средбата се вееше знаме на Голема Албанија, а полицијата трага по лицето. 

фото ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Драма во Трубарево: Барал исплата на дневници, па со нож

23/07/2026
Македонија

Тетовец измамен при договор за увоз на автомобил од Швајцарија,

23/07/2026
Македонија

Утре дожд, грмежи и засилен ветер – доаѓа посвежо време

23/07/2026
Македонија

Градски парк добива 60 нови садници по невремето, започна обновата

23/07/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

23/07/2026
Македонија

По Гостивар, проблеми со водата и во други градови –

23/07/2026
Македонија

ПО СИЛНОТО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Кој ќе ја плати штетата

23/07/2026
Македонија

Почина доајенот на македонската народна песна Наум Бурназ

23/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44586
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Драма во Трубарево: Барал исплата на дневници, па со нож им се заканувал на газдите

23/07/2026

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело –

Тетовец измамен при договор за увоз на автомобил од Швајцарија, останал без 700 франци

23/07/2026

Договор за набавка на автомобил од странство завршил со измама за 42-годишен жител на тетовско, кој пријавил дека останал без

Утре дожд, грмежи и засилен ветер – доаѓа посвежо време

23/07/2026

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од североисточен правец, поизразен долж Повардарието и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy