Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Втора жртва за неколку дена на обновениот пат Битола – Меџитлија
Магазин

Втора жртва за неколку дена на обновениот пат Битола – Меџитлија

27/09/2023

AA

 

БИТОЛА – Почина 26 годишното момче од село Кравари кое пред една недела возејќи мотор доживеа тешка сообраќајка на патот во обнова Битола – граничен премин Меџитлија. Ова е втора жртва на патот за период од десет дена, откако на 16 септември во вечерните часови, 42-годишен маж излета со возилото од коловозот и почина на лице место.

И двете жртви се жители на битолското село Кравари. Мештаните видно потресени велат дека ова се трагедии кои селото го завија во црно, страдаат млади сожители, кои оставаат дома деца сираци. По овие несреќи бараат ограничување на брзината на патот пред училиштето.

Лекарите една недела се бореа за животот на младиот мотоциклист по здобиените тешки телесни повреди при судир во автомобил. Поради сериозноста на повредите беше хоспитализиран на клиниките во Скопје, бил во кома со повреди на главата, а вчера почина.

„На 20.09.2023 во 20,22 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Кравари, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘рено’ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.В. (45) од Битола и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Т.К. (26) од село Кравари, кој потоа удрил во паркирано возило ‘опел’ со битолски регистарски ознаки, сопственост на О.К. од Кравари. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола“, информираше Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Бурни се реакциите во битолската јавност за двете трагедии на патот кој е во рехабилитацијата и за кој важи времен режим на сигнализација.

И од германската компанија „Кромберг и Шуберт“ чија фабрика е на овој патен правец преку соопштение апелираат:

„Во овој период сѐ уште се извршуваат работни активности за реконструкција на патниот правец Битола – Меџитлија по кој што сите ние секојдневно се движиме и тој сѐ уште  е несоодветно обележан, а исто така и временските услови се менуваат. Поради тоа сакаме да упатиме апел до сите да се движиме и да возиме согласно моменталната ситуација на овој патен правец, најважно да прилагодиме и намалиме брзина, да внимаваме на возилата кои се движат од спротивен правец, да внимаваме на малку поставената сигнализација од страна на изведувачот. Подобро во овој период сите да тргнуваме малку порано или подобро да задоцниме до посакуваната дестинација, наместо да има поголеми штети или жртви.“

Апелот е испратен до МВР, Министерство за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и Општина Битола.

„Ги замолиме сите релевантни институции да се направи што побргу соодветна сигнализација и обележување на овој патен правец паралелно со изведувањето на активностите, да се преземат соодветни безбедносни мерки кои се пропишани за ваков тип на изведба, затоа што одговорноста се покажува преку грижата за најважните – луѓето!“, порачуваа од фабриката, бидејќи во голем дел од сообраќајките на овој патен правец учесници се нивни вработени.

И општина Битола испрати писмо до Јавното претпријатие за државни патишта со напомена да се преземат итни и неодложни мерки за безбедност на возачите бидејќи само на работа преку тој патен правец секој дена патуваат околу 6.000 работници од ИЗ „Жабени“.

Во писмото општина Битола наведува дека „треба да се преземат итни и неопходни интервенции и корекции на висинските разлики, односно прилагодување на нивото на патот со банкините, поставување на соодветна сигнализација и обележување на патот“.

Од Јавното претпријатие за државни патишта повикуваат возачите да ја почитуваат времено поставената сигнализација на патот кој се уште е во изведба и ќе биде завршен до крајот на октомври.

„Таму имаме посебна сигнализација каде брзината на возење е на 30 километри на час. Има места каде што нема втор слој на асфалт и сега се поставува, токму заради тоа и заради не завршениот пат кој треба да комплетира и по краевите не смее да се вози над дозволената брзина. Ако се вози по пропис нема да дојде до сообраќајки“, порачува директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми во вчерашната изјава за „Независен“.

За период од две недели додека трае рехабилитацијата на патот Битола -Меџитлија, грчка граница се случаја четири сообраќајни несреќи од кои две со жртви.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

23/06/2026
Македонија

Владата го усвои ребалансот на Буџетот: Повеќе пари за капитални

23/06/2026
Македонија

ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола остануваме

23/06/2026
Македонија

Судот во Стразбур: Помилувањата на Иванов биле донесени без законска

23/06/2026
Македонија

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, 13 возеле без

23/06/2026
Македонија

Трагедија во Велес: Камион усмрти пешак, возачот приведен

23/06/2026
Македонија

Четири лица приведени, со две извршен службен разговор од вкупно

23/06/2026
Македонија

ДЗР со предупредување: Пензискиот систем не успева да ги покрие

23/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

23/06/2026

Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, почина. Причините за смртта засега не се објавени. Илиевски беше позната политичка фигура во оваа

Владата го усвои ребалансот на Буџетот: Повеќе пари за капитални инвестиции и поддршка на граѓаните

23/06/2026

Владата денеска, на предлог на Министерството за финансии, ги усвои Измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година, со кои

ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола остануваме посветени на највисоките стандарди во

23/06/2026

ТИТАН Усје е одговорен член на заедницата кој транспарентно работи и делува во согласност со законските обврски и континуирано инвестира

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy