Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВРЕДИ: Здравството добива нов здив!
Македонија

ВРЕДИ: Здравството добива нов здив!

25/02/2025

AA

Коалицијата ВЛЕН продолжува со својата непоколеблива и посветена работа за граѓаните на земјата, носејќи крупни проекти кои директно влијаат на подобрување на квалитетот на животот. Денеска со гордост објавуваме дека во болницата “8 Септември“ во Скопје започна имплементацијата на извонреден проект, невидена инвестиција од 12 милиони евра, со која оваа здравствена установа ќе се модернизира и трансформира по највисоките европски стандарди, велат од ВРЕДИ/ВЛЕН во соопштение.

„Овој проект опфаќа целосна реконструкција и најнапредна опрема на одделението за интензивна нега, со проширување на инвестицијата на површина од 2000 m², каде што ќе бидат изградени седум супермодерни операциони сали. Со оваа инвестиција, болницата „8 Септември“ ќе се врати во здравствен дом од највисоко ниво, ставајќи крај на инфраструктурните и технолошките недостатоци од минатото.

Оваа стратешка инвестиција предвидува две специјализирани сали за абдоминална хирургија, две за уролошки интервенции, една за операции на уво, нос и грло, една за очна хирургија и како апсолутна иновација – роботска хирургија, која е прва од ваков тип во земјава! Ова е огромен чекор кон модерно и напредно здравство, каде што најновата технологија се става во служба на граѓаните.

Како дел од оваа голема инвестиција, целосно ќе се реновира покривот на болницата и ќе се постави ефикасен систем за греење и ладење, што ќе гарантира оптимални услови за пациентите и медицинскиот персонал. За прв пат операционите сали ќе бидат опремени со најнова генерација на хируршки маси, напредно LED осветлување, медицински компјутери, софистицирани апарати за анестезија, опрема за каутеризација, пумпи за инфузија, дефибрилатори и целиот потребен медицински инвентар. Тоа значи дека нашите пациенти ќе имаат супериорни здравствени третмани, како оние на најдобрите европски болници.

Министерот за здравство Арбен Таравари беше клучен двигател на овој трансформативен проект, покажувајќи ја својата извонредна посветеност на модернизацијата на здравството во нашата земја. Благодарение на неговата визија и поддршката на коалицијата ВЛЕН, нашите граѓани ќе имаат пристап до поквалитетни, поефикасни и подостоинствени здравствени услуги.

Овој проект ја означува новата ера на современото здравство во нашата земја! Инвестициите во здравството се инвестиции во животот и благосостојбата на граѓаните, а ВЛЕН докажува дека неговата работа и посветеност се над секоја политичка пресметка! Здравјето на граѓаните е апсолутен приоритет и тоа го докажуваме со конкретни и револуционерни проекти.

ВЛЕН за граѓаните! ВЛЕН за подобар живот! ВЛЕН за модерно и европско здравство!“ – стои во соопштението на ВРЕДИ/ВЛЕН.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy