Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерството за животна средина ги демантира шпекулациите и невистините на СДСМ и ДУИ
Македонија

Министерството за животна средина ги демантира шпекулациите и невистините на СДСМ и ДУИ

25/02/2025

AA

Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија најосторо ги отфрла и демантира шпекулациите и лажните наводи изнесени од страна на политичките партии СДСМ и ДУИ во последните неколку денови, велат во соопштение до јавноста од министерството за животна средина и просторно планирање.

„Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, во врска со наводите и шпекулациите во медиумите поврзани со решението на Управниот инспекторат, сака да ја информира јавноста за следните клучни точки:

Прво, опомени и забелешки за канцелариско и архивско работење на службите во Министерството не претставуваат скандал

Редовниот инспекциски надзор од страна на Управниот инспекторат се однесува исклучиво на технички аспекти на архивското и канцелариското работење. Во ниту еден момент не е констатирана злоупотреба на службена положба или друг вид на незаконско постапување.

Второ, станува збор за редовен и тековен инспекциски надзор

Управниот инспекторат постапувал според редовна програма за работа и не станува збор за постапување по никаква пријава или наод за гршка во постапувањето.

Трето, забелешките на инспекторатот се однесуваат на пракса воведена во 2017 година

Начинот на канцелариско и архивско работење во Министерството за животна средина е воспоставен уште во 2017 година и оттогаш непроменето се спроведува од сите министри кои раководеле со министерството – и од редовите на СДСМ и ДУИ. На овој начин на работа постапувале министрите Нурхан Изаири, Башким Амети, Садула Дураку, Насер Нуредини и Каја Шукова. Ова значи дека евентуалните забелешки на инспекторатот не се поврзани со работата на актуелното раководство, туку со континуиран административен процес кој е наследен од претходните години.

Четврто, Министерството останува посветено на транспарентноста и ги повикува сите медиуми на увид во документацијата

За целосна транспарентност и точна информираност на јавноста, Министерството за животна средина и просторно планирање ги повикува сите заинтересирани медиуми да дојдат на лице место во просториите на Министерството, каде што ќе им биде презентирана целата архивска граѓа поврзана со оваа постапка. Нема што да се крие – работата на Министерството е отворена за увид на јавноста.

Министерството останува доследно на својата заложба за законито и професионално работење во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија“, стои во соопштнеието на министерството за животна средина и просторно планирање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот

17/10/2026
Македонија

ГЛАСАЊЕТО ВО БРВЕНИЦА СЕ ОДВИВА БЕЗ ПРОБЛЕМ Гласале 85 болни

17/10/2026
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ НА ПСИХИЈАТРИТЕ Расте бројот на

17/10/2026
Македонија

СОПРУГАТА ГО ПРИЈАВИЛА ЗА НАСИЛСТВО, МУ НАШЛЕ МУНИЦИЈА Во Групчин

17/10/2026
Македонија

ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДОДЕКА ГО ПРИВЕДУВАЛЕ Жител на Голема Речица

17/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ ЗАД ВОЛАН БЕЗ ПОЛОЖЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ Внатрешната контрола открила

17/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46226
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23 степени

17/10/2026

Времето в недела, 18 октомври, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот правобранител отвора канцеларија и телефонска

17/10/2026

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре, на денот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе биде

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот правобранител отвора канцеларија и телефонска

17/10/2026

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре, на денот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе биде

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy