Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој ќе прави бизнис со пастрмка, крап и белвица од Охридско езеро?
Економија

Кој ќе прави бизнис со пастрмка, крап и белвица од Охридско езеро?

25/02/2025

AA

Фирми на предизборни донаторки на ВМРО-ДПМНЕ истовремено организирале подружници за риболов во слатководни води во текот на ноември лани кога истиот месец бил објавен огласот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за доделување концесии за стопански риболов во Охридското езеро.

Мотив Плус Консалтин на Рахела Симеонова Манева и Фул Сервис Операторс на Гордана Ѓоргиева, две донаторки на ВМРО-ДПМНЕ, во ноември 2024 организирале подружници во Струга за риболов во слатководни води. Првата фирма ја добива концесијата за риболовната зона „Радожда“ за годишен надоместок од 7.560.000 денари, додека втората најверојатно отпаѓа од конкуренција.

За прв пат по пет години пауза министерството објавило оглас за концесија за комерцијален риболов, овој пат во шест зони од езерото. Една концесија ќе трае 12 години. Годишно ќе може да се лови 25.000 тони крап, но и охридска пастрмка од 5.000 тони, белвица 6.000 тони, итн. Аргументот на министерството е дека на овој начин риболовот ќе биде регулиран.  На последниот концесионер од Струга „„Летница белвица“ поранешната влада му ја одзеде концесијата поради незаконско работење 

Според податоците кои ги има „Фактор“ од Централниот регистар, дузина фирми,од кои две новоформирани, регистрирале подружници за стопански риболов за шест добитни места околу период додека траел огласот. Конкурирал и Петко Кутановски со Здрава Храна Продукт, инаку поранешен директор на ЈП Комунално Струга од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а разрешен подоцна од тогашниот струшки градоначалник Зијадин Села. Две добитнички фирми – СПК Бизнис Груп и Кораб СТБ 2024 се регистрирани во овој период. Името на сопственикот на првата – Светозар Колоски се поврзува со претходна функција раководител на секторот Струга во јавното претпријатие „Македонија пат“. Министерството за земјоделство вели дека договорите за користење на рибите и другите водни организми за вршење комерцијален риболов се во процес на потпишување. Кај добитниците единствено кај „Лектан КМ“ ДОО има понуда што одскокнува повисоко од другите.

Избрани најповолни понудувачи: 

–       за риболовна зона „Охрид“ понудата на понудувачот Трговско друштво за производство, трговија и услуги Шаран 2012 ДОО увоз-извоз Охрид, понудена вредност од 7.560.000,00 денари;

–       за риболовна зона „Воска“ понудата на понудувачот Агенција за обезбедување имоти и лица „ПИТОН“ ДОО подружница „Питон фишинг“-Охрид, понудена вредност од 5.040.000,00 денари;

–       за риболовна зона „Трпејца“ понудата на понудувачот Трговско друштво за производство, трговија и услуги КОРАН СТБ 2024 ДООЕЛ увоз-извоз с.Трпејца Охрид, понудена  вредност од 4.410.000,00 денари;

–       за риболовна зона „Струга“ понудата на понудувачот Друштво за производство, услуги и трговија „СПК Бизнис груп“ ДООЕЛ ,Струга, понудена  вредност од 4.410.000,00 денари;

–       за риболовна зона „Пештани“ понудата на понудувачот Друштво за трговија, услуги и угостителство „Лектан КМ“ ДОО увоз-извоз с.Конско Охрид, понудена вредност од 90.000.000,00 денари;  и

–       за риболовна зона „Радожда“ понудата на понудувачот Друштво за трговија и услуги „Мотив плус консалтинг“ ДООЕЛ Скопје, подружница Струга, понудена вредност од 7.560.000,00 денари.

Крапот до 400 денари по килограм

Локалните жители велат дека охридскиот крап се продава за 400 денари по килограм од прва рака и дека цената ја знаат затоа што досега единствено тој не беше забранет да се лови.

– Охридската пастрмка и белвицата досега беа забранети за ловење и се продаваа по тајни канали,па затоа тешко е да се извлече информација за тоа по колку се продава. Се знае, на пример, цената на калифорниската пастрмка, но таа не е од езерото,туку од локалните рибници, велат охриѓани.

Досега за можноста по долги години пауза повторно да се лови и продава охридска пастрмка и белвица, кои секако држат добра цена, единствено реагираа од политичката партија „Левица“, покрај здруженијата и еко-организациите, од каде бараат поништување на концесијата и забрана за лов додека не се воспостави нова рамнотежа.

„Оваа непромислена и штетна политика директно го загрозува опстанокот на автохтоните видови, особено охридската пастрмка и белвицата – видови кои се наоѓаат во критична состојба поради долгогодишната небрежност на властите.

Посебно алармантен е фактот што Владата дозволува годишен улов од десет тони риба, во услови кога вештачкиот мрест и порибувањето се прекинати веќе шест години. Оваа катастрофална одлука е директен напад врз екосистемот на Охридското Езеро, кое е под заштита на УНЕСКО и претставува светско природно наследство“,реагираа од Левица.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот

17/10/2026
Македонија

ГЛАСАЊЕТО ВО БРВЕНИЦА СЕ ОДВИВА БЕЗ ПРОБЛЕМ Гласале 85 болни

17/10/2026
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ НА ПСИХИЈАТРИТЕ Расте бројот на

17/10/2026
Македонија

СОПРУГАТА ГО ПРИЈАВИЛА ЗА НАСИЛСТВО, МУ НАШЛЕ МУНИЦИЈА Во Групчин

17/10/2026
Македонија

ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДОДЕКА ГО ПРИВЕДУВАЛЕ Жител на Голема Речица

17/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ ЗАД ВОЛАН БЕЗ ПОЛОЖЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ Внатрешната контрола открила

17/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46226
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23 степени

17/10/2026

Времето в недела, 18 октомври, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот правобранител отвора канцеларија и телефонска

17/10/2026

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре, на денот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе биде

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот правобранител отвора канцеларија и телефонска

17/10/2026

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре, на денот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе биде

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy