Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВРАБОТЕНИТЕ ВО УЈП ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК АКО НЕМА РЕШЕНИЕ – Се бара раст на платите од 30 отсто
Економија

ВРАБОТЕНИТЕ ВО УЈП ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК АКО НЕМА РЕШЕНИЕ – Се бара раст на платите од 30 отсто

30/06/2023

AA

Во
Управата за јавни приходи денеска започна процесот на помирување помеѓу УЈП и
синдикалната организација „Солидарност“ со посредство на Илија Манасиев во
однос на барањето за зголемување на платите на вработените за 30 проценти.

Претседателот
на организацијата Солидарност Васе Недановски и в.д претседателката на УЈП Сања
Лукаревска пред почетокот на средбата во изјава за медиумите изразија надеж за
изнаоѓање заедничко решение. 

–
Убеден сум дека со отпочнувањето на процесот ќе изнајдеме решенија и одлуки кои
ќе овозможат добивање согласност за потпишување на колективните договори. Како
најважно е зголемувањето на платите на вработените. Во моментот платите кои се
исплатуваат се во износ за процент од најмалку 30 посто помал од утврдено во
одредбите – изјави Манасиев.

Секоја
одлука надвор од посочената рамка, како што посочи, ќе значи автоматски
отпочнуваење на генерален штрајк.

Одлуката
за генерален штрајк требаше да стапи во сила на 27 месецов, но беше
пролонгирана поради назначувањето нов помирувач во процесот. Во меѓувреме,
вработените во УЈП секој ден одржуваат двочасовни протести на работните места.

Манасиев истакан дека и Управата за
јавни приходи и синдикатот покажуваат висока свесност за потребите на вработените, посочувајќи дека за краток период по добиеното барање, договорена е средба и се надева дека постапката ќе заврши успешно за двете
страни.

–  Се надевам дека како раководител на оваа
институција ќе изнајдеме решение со репрезентативниот синдикат на вработените
во Управата. Ние сме на иста страна во она што значи и унапредување на
работничките права – кажа Лукаревска.

Претставникот на синдикалната организација Солидарност посочи дека очекува решенија и одлуки кои ќе овозможат добивање
согласност за потпишување на колективен договор со кои работниците би ги
оствариле правата од работен однос согласно законите.

– Најбитно од сето
тоа е зголемување на платите на вработените во УЈП до 30 посто и сето тоа да
биде независно од донесените одлуките и оние кои се носат на економско
социјалниот совет.

Посебно би
информирал дека платите на вработените во УЈП се за 30 отсто помали од
одредбите од постојниот колективен договор. Сето тоа упатува на оправданост на
нивното барање за зголемување на платите.

Убеден сум дека
помирувачот ќе ја заврши својата функција и ќе се достигне моментот кога ќе се
иполнат нашите барања. Секоја одлука која ќе отстапува од нашите барања, ќе
значи отпочнување на генерален штрајк кој го најавуваме од почетокот на
поднесувањето на барањата – потенцираше Недановски. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук – Миа

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46772
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи го имотот од нив добила

14/11/2026

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски во „Претрес со Ландов“ пренесе сведоштво од граѓанин кој му раскажал дека неговата мајка

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека

14/11/2026

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА ВО ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ Губењето на

14/11/2026

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy